Македонија
(Видео) Ученици и студенти од Американ колеџ го посетија Кабинетот на Пендаровски

Средношколци и студенти од Универзитетот Американ колеџ во Скопје, во рамките на активноста „Отворен кабинет“, денеска го посетија Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија во вилата „Водно“.
Посетителите се интересираа и разговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа и надлежности, ги посетија просториите во кои се одвиваат официјалните средби, салата за свечености, настани и прес-конференции. Учениците и студентите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со историјатот на вилата „Водно“, со дел од активностите што се одвиваат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.
Денешната посета на учениците и студентите е дел од проектот „Лице в лице со претседателот“, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заменик директорот на Царина: Со националниот едношалтерски систем ги поставуваме темелите за одржлив раст и посилна регионална поврзаност

Националниот едношалтерски систем е еден од клучните столбови во градењето на потранспарентно, поефикасно и интероперабилно царинско опкружување. Со овозможување на поднесување на сите документи преку една влезна точка, системот го намалува административниот товар, ја зголемува усогласеноста, ја зајакнува довербата помеѓу јавниот и приватниот сектор, ја подобрува координацијата меѓу граничните институции и создава поповолна бизнис-клима. Ова го истакна заменик директорот на Царинската управа, Мустафа Даути, во воведното обраќање на тридневната Регионална работилница за царинските управи на Западен Балкан, што се одржува во Скопје во организација на Програмата за развој на трговското право при Министерство за трговија на САД во координација со Царинската управа, како и Европската комисија, Министерството за финансии на Полска и Финансиската управа на Словенија. На настанот поздравно обраќање имаа и Барнабас Биркланд, економски аташе на Амбасадата на САД и Але Тајлер, правен советник при Програмата за развој на трговското право при Министерство за трговија на САД.
Националниот едношалтерски систем како дел од Проектот на Светска банка за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан претставува голем чекор напред и за нашата земја и за целиот регион, вели Даути.
„Проектот има за цел да ги интегрира и поедностави сите царински постапки во една унифицирана дигитална платформа, овозможувајќи побрзо спроведување на царинските процеси и унапредена соработка помеѓу различните институции. Ова ќе резултира со поедноставување на процедурите за увоз, извоз и транзит, како и намалување на трошоците, зголемена ефикасност и транспарентност. Оваа иницијатива не се однесува само на технологијата, таа ги поставува темелите за одржлив раст и посилна регионална поврзаност. За Западен Балкан, придобивките од ваквите системи се особено значајни бидејќи ја зајакнуваат регионалната интеграција, го поддржуваат процесот на усогласување со ЕУ и овозможуваат полесна и побрза прекугранична трговија“, нагласи Даути.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања.
„СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух. Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух, а имаа можност и не направија ништо“, велат од партијата.
Тие додаваат дека Шукова, како поранешна министерка и долгогодишен државен секретар во Министерството за животна средина, „20 години не направи ништо за Вардариште и сега повторно го користи како тема во кампањата“.
„Шукова да не ја потценува интелигенцијата на народот. Граѓаните знаат дека резултатите се нула, а токму во време на СДС беа тргнати чуварските служби од Вардариште и Дрисла, со што дополнително се влоши ситуацијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачаа дека граѓаните на Скопје заслужуваат проекти и резултати, а не празни зборови и популизам. „ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски нудат вистински решенија, проекти и посветеност за поздрава животна средина“, додаваат од таму.
Македонија
СДСМ го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ за депониите кои го трујат Скопје

Од СДСМ обвинија дека на Скопје и на половина Македонија им се заканува еколошка катастрофа поради тоа што, како што велат, четири години ВМРО-ДПМНЕ не презеле ништо за депониите.
„Секојдневно стотици илјади граѓани се под закана од канцерогени материи, затоа што неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби“, посочуваат од партијата.
Тие додаваат дека „ветуваа чистење и решенија, а резултатот е задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани“.
„Орце Ѓорѓиевски нели е претседател на ЗЕЛС – зошто се крие? Треба да престане да бега и да им каже на граѓаните зошто четири години не е решена депонијата Вардариште, зошто не е решена Дрисла, зошто ништо не е направено?“, прашуваат од СДСМ.