Македонија
(Видео) Фатален исход може да имаат значаен процент од заболените со конго-кримска хеморагична треска, алармира Петличковски

Претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски извести дека болничарката заразена со конго-кримска хеморагична треска е во добра состојба.
– Размислувањата се дека за неа кризата е помината и се очекува комплетно опоравување, вели тој.
Третиот пациент, рибарот од Велес, е во добра состојба, но вели Петличковски, има неколку дена кога би можела да се случи промена.
– Доколку дојде до влошување терапијата е тука, додава тој.
Како што изјави Петличковски, морбидитетот и морталитетот на болеста е сериозен.
– Значаен процент од оние кои ќе се разболат можат да завршат со фатален исход. Но има различни видови на вирусот, генотипови на вирусот, некои се поврзани со висока, некои со ниска смртност, објаснува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.