Македонија
(Видео) Христо Христов, внук на Гоце Делчев: Ако носат глава на рамената, не на друго место, можно е мирно решение на спорот
Мирно решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија е можно, рече денес Христо Христов, внук на Гоце Делчев, по поклонувањето на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ на Калето на 120-годишнината од неговото загинување. Христов, кој е диригент во Филхармонијата во Варна, смета дека решението на спорот меѓу двете земји е едноставно.
„Сигурно може. Ако носат глава на рамената, не на друго место, сигурно. И ако може да имаат и малку срце, би било прекрасно, ама премногу сакам, тоа е“, рече Христов.
Според него, денес се постапува сосема спротивно од сфаќањето на Делчев – „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, но објасни дека, лично, има посебна замисла за заедничко одбележување на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев, со музика и голем заеднички оркестар.
„На денешниот ден мојата лична желба, и не само мојата, беше да направиме еден мирен, високо културен проект, кој ќе вклучува музичари од двете држави. Да направат голем оркестар и да ги исполнат двете државни химни и Деветтата симфонија од Бетовен, која во последниот дел е, всушност, химната на Европа, ‘Ода на радоста’. Нема да го има концертот“, рече Христов.
Христов вели дека тензиите меѓу Македонците и Бугарите ги прават луѓе што одат на ‘Фејсбук’ место да одат во тоалет откако ќе се најадат. Слободата и за едните и за другите смета дека сè уште е една голема тешкотија и за неа треба да продолжат да се борат.
„Тоа е голема тешкотија. Веројатно, треба да продолжат да се борат. Додека сме живи, треба да дишеме. Слободата е како нешто што треба да се дише. Не може да дишеш двапати и да кажеш – готово, толку беше. Не, се дише додека си жив. И за слободата се бориш додека си жив, потоа се следните“, вели Христов.
Христов денес беше меѓу ретките Бугари што дојдоа да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.
Минатата недела техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, извести дека нема да има заедничко чествување на 120-годинината од смртта на Гоце Делчев и предупреди дека оние што самоиницијативно ќе одлучат да се поклонат на гробот на великанот може да бидат изложени на проблеми со влез во државата како на 4 февруари. Тогаш Бугарите со часови останаа заглавени на граничниот премин оти падна нашиот системот за гранична контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

