Контакт

Македонија

(Видео) Чулев: Спасовски доделил речиси 13 милиони евра на компанија на чие отворање самиот присуствувал

Објавено пред

Немаат крај скандалите во Министерството за внатрешни работи од чиј буџет се испумпуваат милиони евра за набавка на храна за потребите на полициските службеници. Денес продолжуваме со нови докази, за тоа како во Министерството за внатрешни работи раководено од страна на Оливер Спасовски плаќа милионски суми евра за тендери за набавка на храна, истакна на денешната прес-конференција, Наќе Чулев.

dobivaj vesti na viber

Праша, дали полициските службеници заслужуваат и треба да бидат колатерална штета на бизнис зделка, во која крајната цел е парите да завршат во компанија блиска до Оливер Спасовски и СДС?

„Ова е договорот помеѓу компанијата Индустри сервис и МВР на Спасовски за достава на храна за потребите на полицискиот центар во Ѓорче Петров. Овој договор е потпишан на 10.01.2023 година и е во висина од околу 5.5 милиони евра.

И во полицискиот центар во Ѓорче Петров како и во случајот со центарот за обука во Идризово има најмодерна кујна за приготвување на храна за полицајците, но наместо да се користи истата, МВР на Спасовски набавува храна од приватна компанија. Токму во полицискиот центар во Ѓорче Петров, функционира кујна во која до сега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници.

Индустри сервис со добивање на двата тендери од МВР на Спасовски за Центарот за обука во Идризово и полицискиот центар во Ѓорче Петров станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од ова министерство, вкупно од речиси фантастични 13 милиони евра според овие два договори“, кажа Чулев.

Уште посимптоматично е што, како што рече, токму Оливер Спасовски, кој е министер во МВР, институција која ги прави двете набавки бил на поставување на камен темелник на фабриката на Индустри сервис во Гази Баба пред неколку години.

„Очигледно е дека Спасовски и сопственикот на Индустри сервис се во блиски односи. Тука се отвора и дилемата дали нивната блискост е причината поради која Индустри сервис ги добива двата тендери во МВР? Особено затоа што според проценките и анализите на луѓе кои долги години работат во секторот угостителство и јавни набавки се дека ваквиот начин на набавка на храна во Министерството за внатрешни работи, ќе ја чини оваа институција многу повеќе пари, во споредба со досегашното подготвување на храната во сопствените кујни и со сопствен персонал на МВР“, посочи тој.

Според него, полициските службеници од Министерството за внатрешни работи, во изминатиот период сведочеле дека добиваат храна која е далеку од стандардите за човечка исхрана.

„Токму поради ова, на крајот го поставуваме прашањето, дали раководството на МВР во изминатиот период свесно го рушело системот на подготовка на храната, за да отвори простор и на мала врата овој бонбона бизнис од речиси 13 милиони евра да го даде на компанија, која според фотографиите се гледа дека е блиска до раководството на МВР односно Оливер Спасовски и политичката партија на власт“, посочи Чулев.

Македонија

Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.

dobivaj vesti na viber

Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата

Објавено пред

Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.

dobivaj vesti na viber

Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.

Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово

Објавено пред

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.

Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија7 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија7 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија8 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија11 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија11 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ12 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ12 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија13 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија13 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет13 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија14 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет14 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет16 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет16 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет16 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија1 ден

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет1 ден

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...