Македонија
(Видео) Чулев: 502 граѓани не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, приведени се 199 лица
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес-конференција ги соопшти податоците за почитувањето на мерката за ограничување на движењето на граѓаните која започна да се применува од 22 март, податоците за лицата во изолација и информации за постапувањето на полициските службеници во изминатиот период.
За споментатиот период мерката за ограничување на движењето не ја почитувале вкупно 502 граѓани, од кои најголем број се лица на возраст од 18-67 години и тоа 459, додека на возраст до 18 години вкупно се 26 се лица и над 67 години се вкупно 18 лица.
„Од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години. Од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години“, рече Чулев.
Притоа министерот истакна дека во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето на граѓаните, при што приведени се 37 граѓанин, од кои 7 лица се на возраст до 18 години.
Исто така од воведување на мерката за ограничување на движењето на граѓаните до денес опоменати се вкупно 136 лица, а до Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи поднесени се вкупно 123 кривична пријава и 12 известувања, со кои се опфатени 158 сторител за вкупно 144 кривични дела, од кои најголемиот дел се поднесени по член 206 од Кривичниот законик.
Во изминатиот период издадени се вкупно 1620 решенија за изолација, од кои во последните 24 часа издадени се 90 решенија за самоизолација, извршени се 5597 контроли на решенијата за самоизолација од кои 816 во последните 24 часа, при што за истакнување е дека во последните 24 часа не е констатирано ниту едно непочитување на решенијата за самоизолацијапотпишани се вкупно 9025 изјави за самоизолација, од кои 99 изјави во последните 24 часа
Од страна на полициските службеници извршени се 32374 контроли за тоа дали се почитува дадената изјава за самоизолација, од кои во последните 24 часа извршени се 4007 контроли, при што е констатирано дека 3 лица не ја почитувале изјавата за самоизолација и за истите ќе бидат преземени соодветни мерки.
„Во однос на донесените решенија за изолација и изјавите за самоизолација до сега поднесени се вкупно 123 кривични пријави, од кои 5 се во последните 24 часа и најголемиот дел од кривичните пријави се поднесени за кривични дела по член 206 од кривичниот закон, а 19 кривични пријави се по член 205 од Кривичниот законик“, истакна министерот за внатрешни работи во неговото обраќање
Воедно веќе е функционална апликација која е наменета за полициските службеници, а преку кои вршат проверка на дозволите за движење за време на траење на мерката, а кои се се издадени од страна на Министерството за информатичко општество и администрација а во координација со нив во следниот период се преземаат активности со цел дополнување на системот со дозволите кои се издадени во изминатиот период.
Надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација и кои согласно одлуките на Владата ќе бидат сместени во карантин на сопствена сметка. Исто така полициската станица „Гази Баба“ е утврдена како локација каде ќе се спроведуваат лицата кои се заразени од коронавирусот, а ќе се јават како сторители на кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино.
„Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор“, велат од Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласи дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

