Македонија
(Видео) Шахпаска: Издавањето лиценци за производство на канабис за медицински цели е во согласност со законот

ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна, издавањето лиценци за производство на канабис за медицински цели е во согласност со законот што оваа партија го донесе, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, запрашана за коментар по повод обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за хиперпродукција на лиценци за фабрики за производство на канабис.
„Издавањето лиценци за производство на канабис е последица на важечкото законско решение што владата на ВМРО-ДПМНЕ го донесе во законодавниот дом преку пратениците во февруари 2016 година. Ние сметаме дека не е проблем ако повеќе фирми се занимаваат со производство на канабис и конкурираат на пазарот на трудот слободно за разлика од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ практикуваше власт и кога производството на канабис го даваше на неколку фирми што беа блиски до политиките на тогаш владејачкото мнозинство, така што сметаме дека е потребна либерализација и вклучување на повеќе производители“, нагласи Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја дел од Сопиште и дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од с.Сопиште (на главен пат околу,,Давидоф“).
. во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези-Карпош.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во четврток дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). Во петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.