Македонија
(Видео) Шахпаска: Пописот не е политичко прашање за кое власта и опозицијата треба да ги вкрстуваат копјата
Пописот на бездомните лица е целосно завршен. Попишани се сите кои се сместени во објектите за коишто Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика, информираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во одговор на прашање во врска со пописот.
„Би сакала да им порачам на сите граѓани дека пописот е безбедна, елементарна, статистичка операција и неразбирливо е да се наметнува тезата дека тоа е политичко прашање за коешто власта и опозицијата треба да ги вкрстуваат копјата“, истакна Шахпаска.
Таа посочи дека попишувачите, покрај обуките за попишување, имаат и специјални обуки за тоа како треба да се заштитат себе и лицата кои ги попишуваат.
Притоа ја истакна важноста од пописот за Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство кое се грижи за ранливите категории на лица и фактот дека цели 20 години не се знае точниот број на граѓани чии проблеми се адресираат на овој ресор.
„Важен е бројот на пензионерите, на лицата со попреченост, на децата, за да знаеме точно каде има и колкава е потребата од пензионерски домови, дневни центри, детски градинки и воопшто потребата од социјални услуги и стручен кадар“, посочи Шахпаска.
Таа напомена дека за да се испорачаат квалитетни политики и планови потребни се реални и објективни податоци кои ќе се добијат од статистичка операција како што е пописот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

