Македонија
(Видео) Шахпаска: Сè уште има деца што живеат на работ на егзистенцијата, без доволно храна и вода, без можност за образование
Денес е Светскиот ден на детето. Се одбележуваат 31 година од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од Обединетите нации.
Точно 31 година трае борбата за заштита и унапредување на детските права. Но, и денес светот се соочува со истите предизвици како и на почетокот. За жал, сè уште има деца што живеат на работ на егзистенцијата, без доволно храна, без пристап до чиста вода за пиење, без можност за образование, здравствена заштита. Има деца што се жртви на насилство и злоупотреба, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
„Токму затоа, не само 20 Ноември, туку секој ден треба и мора да биде ден на детето. Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста за детските права. Само преку заедничка и координирана акција ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, кусо кажано – услови за воспитување на идните градители на светот.
Министерството за труд и социјалана политика посветено работи на својата мисија за намалување и елиминација на детската сиромаштија, создава услови за квалитетен ран детски развој и предучилишно образование. Градиме нови градинки за зголемен опфат на деца од предучилишна возраст.
Со деинституционализацијата децата ги сместивме во мали групни домови и згрижувачки семејства. Го олеснивме пристапот до гарантирана минимална помош на најсиромашните семејства, обезбедивме правичен и солидарен модел за пристап до детски и образовен додаток“, додаде министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

