Македонија
(Видео) Шекеринска до хрватскиот колега: Дамире, се гледаме во НАТО!
На еден ден до потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Македонија во алијансата, во посета на нашата земја и на средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, пристигна заменик-премиерот и министер за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ.
„На примерот на Хрватска гледавме колку членството во НАТО влијаеше позитивно не само на стабилноста туку и на сите политички процеси и колку тоа даде поддршка и на процесот на пристапување кон ЕУ. Република Македонија успеа за година и половина да го надомести изгубеното време и шанса. Но, за овие година и половина нашите амбиции исто така пораснаа. Како што баравме поддршка за членство во НАТО, денеска и во иднина ќе бараме поддршка за почеток на преговори со ЕУ и членство во Унијата“, рече министерката и изрази благодарност за постојаната и многу јасно изразена хрватска поддршка.
„Колега Дамире, се гледаме наскоро во НАТО“, му порача Шекеринска на хрватскиот колега.
Таа истакна дека ѝ претставува задоволство што следната средба со хрватскиот колега Крстичевиќ ќе биде во Брисел, каде за првпат ќе учествува како министерка за одбрана на официјална средба на министрите за одбрана на алијансата.
Министерката се заблагодари и за поддршката што хрватската амбасада во Македонија како контакт-амбасада на НАТО во 2017 и 2018 година ѝ ја даваше на Македонија и изрази очекување Хрватска многу бргу да го поддржи членството на Македонија во НАТО и со ратификација на пристапниот протокол.
Хрватскиот министер за одбрана, Крстичевиќ, ги пренесе, како што рече, честитките од цела Хрватска за последните достигнувања на нашата земја нарекувајќи го компромисот со Грција историски успех и победа на дијалогот и дипломатијата.

„Добредојдовте во семејството на НАТО. Хрватска меѓу првите ќе го ратификува протоколот со што ќе прати порака и до сојузничките и партнерските земји. Драго ми е што идната седмица ќе седиме заедно во НАТО како министри за одбрана“, рече Крстичевиќ.
Додаде дека верува во отворањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ во јуни и како идна земја претседавач со ЕУ во 2020 година изрази подготвеност за поддршка на нашата земја со знаење и искуство и на европскиот пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

