Македонија
(Видео) Шекеринска разговараше со војвотката Кејт Мидлтон

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Лондон разговараше со сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Mинистерката сподели видео на социјалните мрежи и напиша дека на средбата станало збор за нашето членство во НАТО.
„Разговор за #MKinNATO во Buckingham Palace со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.#NATOLondon“, напиша Шекеринска на својот профил на „Фејсбук“.
Владината делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, вчера и денеска присуствува на Самитот на НАТО, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска достави 20 нови предмети до Обвинителството за дивоградби во Чаир

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, до обвинителството поднесе нови предмети во врска со градби во Чаир.
„Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство. За појаснување како одел процесот:
1. Си почнуваат газда Вики и газда Ики да си градат нова НЕБЕЗБЕДНА зграда.
2. За да заштедат на проекти, документации, безбедност и комуналии си вадат од бројчињата за легализации до 2011 што си ги имаат во општина Чаир .
3. Иако законот за легализација не важи за цели згради, си наоѓаат неколку лица на чие име ќе ги запишат зградите.
4. Со парите и моќта која ја имаат со години, не внимавале многу на како и на кого ќе запишуваат дека градел
5. Лицата на кои им легализирале денес се полнолетни, но на барањата и изјавите кои ги терале да ги потпишат во општина под фалц бројчиња, стои дека ги “доставиле” во 2011 година, кога имале 5,6 или 10 години (очигледен фалсификат)
6. Во нив стои и дека децава граделе до 2010 година, за што ИТНО треба да се провери од каде демес, а богами и во 2010 година овие деца имале милиони
7. Резимето е дека сите овие лица како Бујар, Беким, Јасин, Севда, Адис и сите останати се употребени или злоупотребени во постапки за легализација, бидејќи е јасно дека немале ни деловна способност на 5 години, ни пари да градат згради
Сите овие лица се сведоци на кои им овозможил некој од општина Чаир со фалсификат да го запишат на нивно име.
Посебен предмет има отворено во Основното јавно обвинителство за фалсификување на архивската книга за легализации, од каде ќе се утврди дека овие деца не поднеле барања во 2011 година!“, напиша Арсовска.
Македонија
АВМУ со осуда за заканите од Костадинов кон Латас

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите упатени кон новинарот Драган Павловиќ Латас од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Политичарите и носителите на јавни функции, мора да бидат пример за достоинствена комуникација и да се воздржат од изјави што можат да поттикнат омраза во јавниот дискурс и да доведат до дела мотивирани од омраза. Апелираме да се почитува слободата на медиумите и новинарите, и доколку политичарите и носителите на јавни функции имаат забелешки на медиумските содржини да ги користат институционалните механизми за реакција“, велат од АВМУ.
Македонија
Јанев: Моторното одделение на МВР е целосно вратено во функција

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, го посети моторното одделение при Одделот за обезбедување на личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност – состав од професионални, искусни и храбри полициски службеници.
При посетата директорот Јанев истакна дека нивната посветеност, долгогодишно искуство и дисциплина се од клучно значење, не само за безбедноста на патиштата и ескортното обезбедување на вип личности, туку и за пренос на знаење на помладите генерации преку обуки низ целата држава.
„До неодамна, оваа единица беше исклучена од редовни задачи за превенција и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Но, со стартот на оперативната акција „Безбеден сообраќај“, негативната пракса е надмината, моторното одделение е целосно вратено во функција и повторно е присутно на терен во служба на законитоста, безбедноста и редот“, дециден беше директорот Јанев, укажувајќи им ја на колегите важноста на нивното континуирано и интензивно присуство во сите делови на државата, бидејќи видливоста на овие полициски службеници директно влијае врз зголемување на безбедноста и свеста кај учесниците во сообраќајот.
„Полицијата е горда на овие професионалци кои на две тркала секојдневно се грижат за животите на граѓаните и придонесуваат за развој на современа, одговорна сообраќајна култура, особено кај моторџиите, велосипедистите и корисниците на тротинети“, истакна Јанев.
Директорот ја потенцираше и обврската на секој полициски службеник, без исклучок, да биде активен чинител во заштитата на животите на граѓаните во сообраќајот.
„Секој полицаец мора да биде активен чувар на животите на сите граѓани, редот, јавниот интерес и во функција на заштитата на сообраќајната култура. Безбедноста на патиштата не е само техничка задача, таа е вредносна обврска што ја делиме сите, полицијата е првата линија на одбрана кога станува збор за сообраќајната култура“, заклучи директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.