Македонија
(Видео) Шекеринска: Сакаме да бидеме посиромашна Влада, парите да ги насочиме за побогати граѓани
Сакаме да бидеме посиромашна Влада, а парите да ги насочиме за побогати граѓани, изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска на денешната трибина во Битола „Фер општество – Шанса за сите“, каде одговараше на прашањата на граѓаните на различни теми, од локален но и од национален интерес.
Во своето завршно обраќање, министерката образложи дека клучните политики на коишто се обврзала Владата се реализирани. Притоа ги спомена намалувањето на казните за физичките и правните лица и намалување на трошоците за услугите на извршителите.
„Ова ми е прва трибина во последниве 4 години кај што никој не ги спомна извршителите. Факт е се уште имаме остаток од стариот модел. Шестнаесет ставки од извршителските трошоци ги укинавме. Вкупниот трошок во делот на извршителските трошоци, во делот таму каде што сеуште се плаќа го намаливме од 50 до 90 отсто. Не беше лесно, ама можело. Само во претходнава година успеавме за малите и средни претпријатија, најголем дел од казните да ги намалиме за 60 проценти. Кај еден дел, кај граѓаните 70 проценти. Убаво е државата повеќе пари да собира, ама не е убаво ако граѓанинот е сиромашен, државата да се обогатува со тие пари. Не е лесно да се фокусираме на теми коишто значат послабо финансирање на државните трошоци, но поголеми пари кај граѓаните. Ќе ви ветам и во мое лично име и во име на Владата, дека така ќе продолжиме. Сакаме да бидеме посиромашна Влада на побогати граѓани. Затоа политиките на пораст на платите на отворање на подобро платени места ќе ни бидат главна политика“, потенцираше министерката Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

