Македонија
(Видео) Шехтански за случајот „Саздов“: Неоспорно е дека е сторено убиство на свиреп начин
По завршување на денешното рочиште за смртта на Никола Саздовски, адвокатот Ванчо Шехтански, кој го застапува семејството на Саздовски, апелира да не се дефокусира јавноста со изјави што не се релевантен одраз на она што е кажано во судницата, а тоа е дека смртта настанала од падот на Саздовски врз метална кутија, која наводно се наоѓала на автобуската станица каде што бил претепан, а не од ударите на напаѓачите.
„Да нема дефокусирање на изнесените работи во судот, да се остави судот да си ја врши работата. Вештаците дадоа исказ, тој исказ беше конкретен и во потполност со обвинителниот акт. Неоспорно е дека е сторено убиство на свиреп начин“, рече Шехтански.
Тој дека докторот што го вршел вештачењето на многу професионален начин образложил како настапила смртта кај Саздовски и токму поради тоа, според него, обвинетите не може да се гонат за кривичното дело убиство на свиреп начин.
Обвинети од страна на Јавното обвинителство за смртта на Никола Саздовски се Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа, кој моментно е во бегство. Според обвинението, тројцата, кои се гонат за убиство на свиреп начин, со боксови го удирале Саздовски, а кога тој паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело.
Нападот на 20-годишниот Никола се случи на автобуска постојка во Автокоманда во јуни оваа година, а една недела по нападот, поради сериозните повреди, тој почина во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

