Македонија
(Видео) Шкријељ: Да се обединиме околу стратешките цели

„Им благодариме на илјадниците граѓани кои синоќа присуствуваат на националната трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Скопје. Вчера, илјадници граѓани на Скопје но и на другите градови, Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Срби, Роми, Власи дадоа поддршка на концептот на СДСМ кој води напред. СДСМ вчера покажа дека е обединета, сплотена партија како никогаш досега“ изјави денеска на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.
Пратеничката вели дека „енергијата, масовното присуство на вчерашната трибина, но и на претходните трибини одржани во 78 општини се доказ дека политиките на СДСМ се препознаени и ценети од граѓаните. Граѓаните кажаа дека не се за блокади и неизвесност, туку дека се за напредок, за заедничка европска иднина“.
„Патот кон таа иднина е со пречки од политички партии и групи кои не и мислат добро на државата, кои сакаат нашето општество да го вратат назад во времето на поделби и изолација. Затоа, потребно ни е обединување околу стратешките цели, обединување на сите прогресивни сили, обединување на сите нивоа. СДСМ повторно ја презема одговорноста да ја обезбеди сигурната и стабилната иднина за сите наши граѓани“ порача Шкријељ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.