Македонија
(Видео) Шкриељ: Постигната е согласност за зголемување на платите во образованието, најважно е наставата да продолжи
Се потврди она што го говоревме – социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до прифатливи решенија, изјави пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ.
Постигната е согласност, информира таа, помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во детските градинки, основните и средните училишта за 12 проценти, со ребалнасот на буџетот.
Сега, како што рече, најважно е да продолжи наставата што побргу, да се надополни загубеното и да се работи на трансформација во образованието.
„Најраното можно враќање на учениците е утре, среда, што значи 10 загубени дена од училишната година, кои треба соодветно да се надоместат. Платите во образованието и детската заштита ќе се зголемат, СДСМ продолжува со политиките за покачување на платите на работниците! Се надеваме дека сите, со истиот жар, ќе продолжиме да се залагаме за нови наставни програми, за спроведување на реформата во основното образование, на средното образование, трансформација на педагошките факултети, кои продуцираат наставен кадар“, потенцира пратеничката од редовите на СДСМ.
СДСМ, вели Шкриељ, секогаш била и ќе биде на страната на работниците, на учениците, работејќи посветено на реформи и подобрување на животниот стандард, дури и во услови на најголема економска криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.