Македонија
(Видео) Шукова: СДСМ го поддржува предлог законското решение за забрана за увоз на отпад
СДСМ како одговорна партија се грижи за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на граѓаните. Управувањето со отпадот е и останува наш приоритет, порача Каја Шукова, претседателка на комисијата за животната средина на СДСМ.
„Тоа го покажуваат и мерките кои ги преземаме за воспоставување на интегрирано управување со отпад, со фокус на сите прашања од оваа област за кои нудиме законски решенија и постојано ги решаваме.
По отворената дебата и мислењето кое го даде невладиниот сектор и експертската јавност како одговорна партија ја информираме јавноста дека ги подржуваме измените на Законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија.
Го следиме интересот на граѓаните и затоа пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи и ќе гласа ЗА предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, кое е влезено во собраниска процедура.
Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за забрана за увоз на отпадот кога се знае дека додека беа на власт во нашата држава се увезуваа над сто илјади тони опасен отпад. Денеска таа бројка е намалена на две илјади шесто тони.
Како одговорна власт се обврзуваме дека во најбрз можен рок ќе усвоиме целосно системско решение за овој проблем, кое ќе ги опфати сите аспекти на увоз и извоз на отпад и негова постојана контрола преку сите институционални форми, а во согласност со европските пракси.
Во таа смисла ќе акредитираме и домашна лабораторија за проверка на составот на отпадот, ќе се ангажираат повеќе инспектори кои ќе вршат редовни и вонредни контроли на правните лица кои вршат увоз и извоз на отпад од Македонија
Факт е дека во нашата држава, после долги години манипулирање со граѓаните се преземаат вистински мерки за управување со отпадот.
Се расчистува опасниот отпад од ОХИС, се работи на утврдување на состојбите со останатите две депонии во и околу кругот на ОХИС, се засилува инспекцискиот надзор на централно и локално ниво, а Дрисла конечно е под надлежност на град Скопје. Начинот на управување на Дрисла ќе биде во согласност за законската регулатива во РСМ, со нови инвестиции и унапредување на системот за интегрирано собирање, транспорт и депонирање на отпадот. Намалувањето на отпад кој се депонира е наш приоритет, согласно европските цели и стандарди, како и позитивни искуства.
Граѓанскиот, научниот сектор и деловната заедница остануваат наши партнери во креирањето и имплементацијата на политиките за животната средина. Граѓаните умеат да ги препознаат вистинските политики кои и носат добро на државата наспроти лицемерието, лагите и измамите. Затоа на 12 април ќе дадат поддршка за политиките на СДСМ кои даваат резултати“ истакна Шукова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Согласно Законот за енергетика и Статутот на Комисијата, тој ќе ја извршува функцијата сè додека не биде донесена одлука за престанок на мандатот.
Од РКЕ информираат дека институцијата ќе продолжи да ги извршува своите надлежности согласно законските обврски. Од Комисијата, вработените и членовите му се заблагодаруваат на Бислимоски за долгогодишната соработка.
Марко Бислимоски го извршуваше својот втор петгодишен мандат како претседател на РКЕ. Првиот мандат му беше од јуни 2018 до јуни 2023 година, а во јули 2023 година повторно беше избран на функцијата.
Македонија
Скопскиот и Полошкиот регион со најмногу одобренија за градење во последниот период – доминира високоградбата
Бројот на одобренијата за градење во декември 2025 година е намален за 17.4 отсто во однос на истиот период од претходната година, соошти Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 988 378 илјади денари, што е за 19.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.
Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 51.
Македонија
Декември со околу 60.000 туристи: најмногу пристигнале од Турција, Бугарија и Србија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември минатата година, во Македонија престојувале 59.521 туристи, кои оствариле вкупно 112.001 ноќевање.
Од вкупниот број туристи, 63,3 се странски, а 36,7 проценти домашни. Кај ноќевањата, странските туристи учествувале со 57,6, а домашните со 42,4 отсто.
Во периодот јануари – декември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во однос на истиот период лани. Детално по сегменти: Домашни туристи: намалување за 2,2%, Странски туристи: зголемување за 10,3%.
Кај вкупниот број на ноќевања е забележан раст од 0,8%, при што: Ноќевањата на домашни туристи се намалени за 4,1%. Ноќевањата на странски туристи се зголемени за 6,4%
Најмногу туристи пристигнале од Турција: 7.303, Бугарија: 5.214, Србија: 4.736 и Грција: 3.438.
Премиерот Христијан Мицкоски денес, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека очекува Македонија да ја достигне бројката од пет милиони туристички преноќувања до 2028 или 2029 година, доколку сè се одвива според планот.
Тој рече дека минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, а она коешто посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 отсто. Мицкоски рече дека се ближиме на бројката од три и пол милиона преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок.

