Македонија
(Видео) Шутаров: Советниците во Скопје да ги поддржат мерките на СДСМ за борбата со загадувањето
Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, денеска ја поднесе иницијативата за одржување вонредна седница на Советот за загадувањето на воздухот во главниот град. Оваа инцијатива, според Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, со советнички потписи, е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ.
„Ги повикуваме сите советници, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ како најмногубројна советничка група, да дадат поддршка на оваа иницијатива во интерес на скопјани. Претседателот на Советот, Трајко Славевским да ја прифати иницијативата и да закаже седница што побргу имајќи ја предвид итноста на ситуацијата“, нагласи Шутаров.
Советничката група на СДСМ, дополни тој, има дополнителни предлог-мерки, кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побргу да се усвојат.
1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз;
2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје;
3. Итна пренамена на пари во буџетот на Град Скопје за зголемување на средствата за борба против загадувањето;
4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенти (замена на котлите во системот на затоплување);
5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје;
6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни;
7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност“, додаде Шутаров.
Ги повика сите советнички групи во Советот на Град Скопје да ја поддржат иницијативата и заедно, како што рече, да се донесат клучните мерки и да се придонесе кон намалување на загаденоста на воздухот.
„ВМРО-ДПМНЕ, наместо да тера инает, да ѝ се приклучи на оваа иницијатива. Ова не е време за политика, туку за дејствување. Мерките против загадувањето на воздухот се од значење за сите граѓани на Скопје“, истакна Шутаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

