Македонија
(Видео) Шутаров: Хаосот продолжува, Мицкоски и ДПМНЕ го вратија Скопје 60 години назад
Христијан Мицкоски за време на кампањата за локалните избори, заедно со сите градоначалници на ДПМНЕ, во Скопје бараа поддршка од граѓаните и ветуваа модерно Скопје. Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ, Скопје го претворија во една голема депонија, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.
Со денови, додава тој, Скопје се задушува во смет, во нечистотија, во смрдеа изложувајќи ги граѓаните на сериозна опасност од појава и ширење на зарази, особено во жешките денови, за што предупредувања добивме и од голем број доктори и професионалци.
„За жал, неспособната локална власт на ДПМНЕ, која ветуваше модерен град, за многу краток период создаде нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, град во хаос кој уназадува наместо да се развива. За 20 месеци, ДПМНЕ го врати Скопје назад за 60 години. Довербата кшто скопјани им ја дадоа на Мицкоски, ДПМНЕ и на Арсовска ја изневерија целосно за што бараме јавно да им се извинат на граѓаните. Не се само сметот и нечистотијата. Речиси и да нема сегмент во градот Скопје кој е функционален. Јавниот превоз во Скопје исто така не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен превоз, за модерен транспорт ,фабрика за автобуси не се остварија“, истакна Шутаров.
Советникот во Советот на Град Скопје оценува дека не се реализира ниту еден проект во градот, а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.
Објаснува дека е прекинат проектот за еколошки и брз јавен превоз, познат како „Бас рапид транзит“, зад кој застана и ЕБОР прогласувајќи го како најеколошки проект во областа на јавниот транспорт.
Иако е целосно готов, мостот во Аеродром стои нефункционален, исто како што мостот на улицата Беласица е нефункционален иако Арсовска ветуваше брзо пуштање во употреба. Проектот за Универзалната сала е закочен, исто како и улицата Васко Карангелески, клучката во Момин Поток, кружните текови кај „Нова Македонија“, кои треба да ја поврзат новата подземна сообраќајница кај комплексот „Лимак“. Јавните претпријатија се нефункционални, услугите кон граѓаните се на историско најниско и најлошо ниво. Поминаа 20 месеци од мандатот на ДПМНЕ, се трошат годишно околу 100 милиони евра, пари на скопјани, а Скопје наместо развој, стагнира“, рече Шутаров.
Според него, скопјани се целосно изневерени од страна на Мицкоски и ДПМНЕ.
„Лично Мицкоски бараше гласови за Арсовска, ја промовира како најдобра менаџерка и вистинска мајка и тој е директно одговорен за ова што се случува денеска во Скопје“, истакна Шутаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

