Македонија
(Видео) Ѓорчев: Само во Врање веќе има 30 илјади вакцинирани, а Заев се фали со една кутија вакцини
Продолжува фијаското и дебаклот на Владата на Зоран Заев и Венко Филипче поврзана со смртноста од КОВИД пандемијата и вакцините; изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Оваа власт се фали со една добиена кутија вакцини во Македонија, а истовремено во регионот и во светот масовно, масовно, масовно и секаде се вакцинира. Македонија е најлоша и на Балканот, и во Европа и на светот кога станува збор за вакцинација. И за жал Македонија е прва по смртност кога станува збор за починати од КОВИД пандемијата.
Еве неколку бројки кои што ги ставаат работите во контекст, додека Зоран Заев и Венко Филипче прогласуваат за голем успех кога Македонија ќе добие една кутија вакцини со просење и со молење, истовремено Србија веќе галопира кон еден милион и 700 илјади веќе вакцинирани луѓе денес. Бугарија веќе има вакцинирано 300.000 луѓе, Хрватска 250.000 дадени вакцини, Романија речиси два милиони дадени вакцини, Грција еден милион, Албанија веќе се движи кон 20.000 вакцини. Македонија е најлоша на Балканот, најлоша во Европа, и најлоша во светот.
Тоа е резултатот на Зоран Заев и Венко Филипче.
Уште неколку бројки, Србија дневно вакцинира 40.000 луѓе секој ден, 40.000 луѓе. Само во градот Крагујевац се вакцинирани 60.000 луѓе. Во Врање, само во Врање 30.000 вакцинирани луѓе. Во Пирот повеќе од 15.000 вакцинирани. А, Заев и Филипче ни велат дека една кутија е голем успех. Имаа цела една година и добија само една кутија со молење и со просење.
Бангладеш, почитувани присутни, Бангладеш има денес заклучно со денес три ипол милиони вакцинирани луѓе. Пакистан има 250.000 вакцинирани здравствени работници. Боливија има повеќе вакцинирани од Македонија. Еквадор, Панама итн. Вчера ви го соопштив податокот дека само во неколку африкански вчера им дојдоа два ипол милиони вакцини. Кенија доби еден милион, Руанда доби 440.000, Судан доби 800.000 вакцини итн“ истакна Ѓорчев.
Ова зборува за размерите на неодговорност и неспособност кои што ги гледаме во Македонија, кои што граѓаните на Македонија секој ден ги плаќаат со своите животи, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

