Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Заев го погази Уставот само за да ја одржи коалицијата со ДУИ
Зоран Заев ги погази Уставот и законите само за да ја одржи својата коалиција со ДУИ, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека Заев излажал дека законот за јазици нема да се применува во Штип, Прилеп и во Радовиш. „Во законот јасно стои дека сите судски постапки, управни, кривични, граѓански, како и постапки пред органите на државната управа ќе мора да се водат и на албански јазик доколку во нив се појави сограѓанин Албанец“, рече Ѓорѓиевски.
Тој вели дека Заев и на 10 март излажал дека двојазичните униформи и двојазичните пари биле неуставни. „Сега Зоран Заев реши и ваквото неуставно решение на сила да го истурка за да се додвори на ДУИ. Зоран Заев лажеше и на 17 мај кога ја потпиша изјавата кај претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да се носат закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој повтори дека Законот за двојазичност е штетен, неприменлив и неуставен и е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава. Според Ѓорѓиевски, одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува законот е единствено исправна одлука. „Секој незаконски обид за негово озаконување без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело и сторителот на истото ќе сноси кривична одговорност“, истакна Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

