Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО
Зоран Заев три години владее криминално и деспотски во Република Македонија. Тој е главата на октоподот, кој штелува обвиненија, диктира пресуди и мести милионски тендери во исто време, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев нарачува, Врховен извршува, а Катица Јанева е запознаена за сè. Сите чувме како без Заев не може да помине одлука на Врховен суд. Како без Заев, Катица ништо не правела, како без Заев судскиот систем не може да одлучува самостојно.
Аудиоснимката пуштена во јавност е доказ дека во изминативе три години во Македонија нема поделба на власта на извршна, законодавна и судска. Имало еден човек кој бил сè, тоа е Зоран Заев, главата на октоподот, шефот на мафијата во Република Македонија. Ова не е европска иднина.
Ова е само еден од редицата случаи во кои Заев директно се вмешал. За други случаи, како што вели и тој самиот, судиите кои ги притискал веќе знаат како размислува и носеле одлуки по негов терк и без да прашаат.
Ова е причината поради која угледниот магазин „Економит“ ја прогласи Република Македонија под Заев за хибриден режим. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да запрат. Македонија нема повеќе време за губење.
Ве повикуваме сите граѓани на Република Македонија кои не сакате криминалот да продолжи да царува да ни се приклучите на протестниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот, кој почнува од пред ЈО на платото на МОБ, до Врховниот суд на Република Македонија“, порача Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

