Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: На 10 дена пред техничката влада извршена е промена на систематизацијата во МВР
Зоран Заев и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да му ги скратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да дојде за 10 дена. Власта врши предизборна злоупотреба и на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР, обвини Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со новата систематизација се зголемува старешинскиот кадар, факт што е проблематизиран и од ЕУ. Зоран Заев и Оливер Спасовски, поради заситување на некои лични партиски апетити, ќе ја жртвуваат Македонија да трпи критика од ЕУ. Според новата систематизација, што стапи во сила вчера, секаде се објавени интерни огласи со траење од само два дена за пријавување. Со тоа се врши чиста партизација во пресрет на избори по брза постапка.
Ќе бидат унапредувани луѓе на Заев и Спасовски, кои ќе ги заземат највиталните позиции и ќе треба да го кочат новиот технички министер. Заев и Спасовски ја укинаа и единицата „Алфа“ и воведуваат нови единици за внатрешни работи. Заев и Спасовски му ја сечат контролата што треба да ја има техничкиот министер и постапката на процесирање информации целосно ја развлекуваат. Заев и Спасовски прават сè, само за да ја забават правдата и да го отежнат патот кон демократијата.
Времето на криминалци поминува, попусти се сите обиди за опструкција. По 12 април, конечно, доаѓа обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Ѓорѓиевски.
На прашањето која е разликата ако техничкиот министер што ќе дојде го направи истото тоа, Ѓорѓиевски вели дека има голема разлика, дека има голем број старешински места кои во досегашната систематизација ги немало.
„Од друга страна, имаме укинување на единицата ‘Алфа’, знаеме кои се надлежностите на оваа единица и имаме огласи што се распишуваат во траење од 48 часа. И за тие 48 часа луѓе треба да аплицираат и да бидат назначени. Што ќе правиме со луѓето што не се во Република Македонија и се спречени да аплицираат итн. Значи, станува збор за луѓе од списокот на Зоран Заев и Оливер Спасовски, што ќе бидат по партиска директива дирегирани на места во Министерството за внатрешни работи и ќе имаат сè со цел да го стопираат процесот што треба да го изврши министерот технички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А знаеме дека техничкиот министер е единствено задолжен за да спроведе фер и демократски избори. Напоредно на сето тоа, значи на секој му е јасно во Република Македонија која им е намерата и целта на Зоран Заев и Оливер Спасовски во Република Македонија да нема фер и демократски избори“, вели Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мојсоска: Кој не ги виде машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?
Кои институции ’не го виделе’ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека според член 100 од Закон за минерални суровини јасно е утврдено кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини.
Во објавата таа ги посочува Државениот инспекторат при Министерство за животна средина и просторно планирање, инспекциските служби во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и ОЈО Струга.
„Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР ’не знаеле’ и ’не виделе’ дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија (според официјалните информации од ОЈО Струга). Улогата на обвинителството и МВР е превентивна (а не откако ќе се случи екоцид) – ама вработувањето на клатоглавци го зема својот данок“, пишува Мојсоска.
Дополнително Мојсоска поставува прашање во врска со постапувањето на терен. Таа посочува дека ОЈО Струга официјално известило дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите”. Во таа насока прашува зошто не се одземени машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини.
Македонија
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без претходно да добие одобрение од Министерството за здравство и без да обезбеди согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии.
На тој начин тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос. Притоа, во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово.
Македонија
„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби
Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по апсењето на екс-вицепремиерот и еден од првите луѓе на ДУИ, Артан Груби.
„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во реакцијата.

