Македонија
(Видео) Јаневска: Потценувачки е односот на власта, која дава 1.200 денари месечно за учениците, со што не може да се плати ниту месечната ужина
Според Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ДУИ и СДС ги претвори училиштата во социјални служби.
Оценува дека тие, наместо да се занимаваат со својата основна дејност – воспитување и образование на ученици, се занимаваат со социјална работа.
Ова, според неа, е уште еден од катастрофалните ефекти на оваа Влада, која со т.н. помош, всушност, поткуп на граѓаните, предизборен поткуп на граѓаните, својата обврска им ја додели на училиштата.
„Со последниот допис од Министерството за образование и наука, Владата ги задолжи училиштата да собираат многубројни документи за социјалната помош на учениците што се во социјален ризик наместо да си ја извршуваат својата основна работа. Тие прибираат имиња, презимиња, матични броеви, банкарски сметки, потврди за висина на плата и друго наместо да заведуваат оценки, да доиспрашуваат, да пишуваат извештаи за дополнителна работа, за воннаставните активности и сѐ друго што спаѓа во нивниот делокруг.
Затоа, бидејќи ова се случува на штета на образованието, апелираме веднаш во овој момент Министерството за образование и наука да си ја преземе обврската и да си ја спроведе процедурата. Уште пострашно затоа што од ден на ден ги менува документите кои семејствата треба да ги достават и училиштата, доколку и направиле некаков ред, сега се наоѓаат во безредие“, потенцира Јаневска.
Оценува дека Владата на ДУИ и СДС праќа три пораки на населението за кои нивната партија веќе со години зборува.
„Првата порака е дека не престанува и постојано го врши предизборниот поткуп на населението.
Втората порака е дека ги потценува родителите на учениците со доделување 1.200 денари помош од декември до денот на изборите. Средства со кои родителите не може да ја платат ни училишната ужина на децата.
Трето и најважно, тие сами рекоа дека оваа т.н. помош, односно предизборен поткуп, ќе ја примаат 100.0000 ученици, што е речиси половина од вкупниот број ученици, што значи дека 100.000 семејства, соученици, припаѓаат на групата сиромашни или семејства во социјален ризик.
Но, ова нема уште долго да трае, ова ќе се промени“, вели Јаневска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

