Македонија
(Видео) Јанковиќ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание и нека гласа за минимална плата од 500 евра
Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание и нека гласа за минимална плата од 500 евра, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.
„Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните осиромашуваат. Ударот врз куповната моќ на граѓаните е резултат на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на сите нивни промашени економски политики. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не испорача никаков резултат а разочарувањето кај граѓаните е огромно штанцаат невистини за Венко Филипче. Очигледно Бојан Стојановски одработува за нечии бизнис интереси штим зборува лаги во кои ниту тој самиот не верува. За катастрофалната економска состојба во која ја доведоа државата се знае кој е крив, тоа е ВМОР-ДПМНЕ и неспособната влада“, рече тој.
Јанковиќ вели дека Бојан Стојановски може да докаже на дело дека навистина мисли на работниците и на граѓаните, во македонското Собрание.
„Еве, за почеток нека ги поддржи предлозите на СДСМ за: зголемување на минималната плата на 500 евра, укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи, континуирано покачување на платите во сите сектори. Понатаму, нека ги повика и неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за овие решенија и да побара од неговата влада да се откаже од луксузирањата со парите на граѓаните за папаја и манго“, рече Јнаковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

