Македонија
(Видео) Јанушев: Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски
„СДСМ и Зоран Заев се пречка за остварување на правдата во Република Македонија.
Аболираниот Зоран Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски. Зоран Заев станува заштитник на принципот на амнестија и се плаши од испитувањето на потекло на имотот на политичарите“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Заев е должен пред граѓаните да одговори на неколку прашања: Зошто не го прифаќа барањето амнестијата да не важи за политичари и носители на функции и амнестираните да не смеат да се занимаваат со политика? Од што се плаши Зоран Заев да прифати закон за испитување на потекло на имотот на политичарите?
„Дали стравот од пораз на следните избори кои ќе значат крај на неговата политичка кариера е причината зошто не го прифаќа предлогот однапред да се знае кој ќе биде кандидат за мандатар на новата влада? Дали тоа значи дека Заев грчевито се бори да биде заштитен од пратеничкиот имунитет? Зошто Заев не сака поразениот на изборите да се соочи со одговорност за катастрофалните политики и за престапите пред законите и граѓаните? Потребни се одговори. На политичарите чии политики се поразени од народот местото не им е во политиката. На 12 април доаѓаат промените и обновата на Македонија. А од 13 април доаѓа и одговорноста за политичарите кои го изневериле народот и ги прекршиле законите“, додаде Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

