Македонија
(Видео) Јанушев: И покрај неправилностите, имаме предност од 7-8 пратеници
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат речиси насекаде.
„Водиме во сите македонски општини. Од досега обработени 20 проценти, ВМРО-ДПМНЕ има предност од над 10 илјади гласа. Победуваме во Гази Баба, Аеродром, Илинден, Кратово и во Кривогаштани, во Охрид и Прилеп, Радовиш, Свети Николе и Бутел, Кисела Вода и во Велес. Обновата доаѓа – исправи се, Македонијо“, рече Јанушев.
Тој проектира дека предноста се движи околу 7-8 пратеника.
Јанушев на прес-конференција обвини за изборни нерегуларности укажувајќи дека биле евидентирани 20 случаи на поткуп, процесирани до надлежните институции.
„Информирани се и ОБСЕ/ОДИХР. Очекуваме институциите да постапат за овие случаи на поткуп“, додаде Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

