Македонија
(Видео) Јанушев: Криминално-рекетарска банда го уништи македонското општество
„Денес сме во посета на Берово и Пехчево, се среќаваме со граѓаните, се среќаваме со бизнис-заедницата, разговараме со сите во однос на нивните проблеми коишто се соочуваат во последните три години.Она што го зборуваме веќе во овој период континуирано се покажува и во средбите буквално со сите оние коишто се среќаваме. Народот е едноставно незадоволен, на народот му е преку глава од ова што го живеат во овие три години“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ направи девастација на македонското општество, буквално во сите сфери.
„Бизнисот стагнира, економијата и финансиите се во очајно лоша ситуација. Со земјоделието се случува истото, а да не зборуваме за здравството и образованието.
Она што граѓаните го гледаат, она што луѓето коишто живеат овде во Република Македонија и особено во овој регион на Берово и Пехчево гледаат една надеж, една светла точка во ВМРО-ДПМНЕ и она што можеме да го ветиме пред граѓаните дека со работа, работа и многу работа ќе ја донесеме по 12 април обновата во Република Македонија“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Седница на ЦО на ЗНАМ: Продолжуваме со уште појасна визија и цврста решеност да бидеме фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика
Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вечерва одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата, известува ЗНАМ.
„Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и политички појасно позиционирано од кога било досега, како сериозна и одговорна политичка сила со јасна насока на развој.

Со речиси 40.000 освоени гласови на советничките листи и присуството на ЗНАМ во повеќе од 45 општински совети, Движењето уште еднаш потврди дека не е ниту проект, ниту привремена појава, туку стабилна и растечка политичка опција со поддршка низ целата територија на државата.
Настапот на ЗНАМ на овие локални избори беше самостоен и принципиелен, со јасна определба дека довербата на граѓаните не се купува по секоја цена, туку се гради со јасни ставови, конзистентни политики и реални резултати. ЗНАМ свесно избра да расте одговорно и контролирано, водејќи се од долгорочниот интерес на државата, а не од дневно-политички калкулации“, соопштуваат од ЗНАМ.

„Во таа насока, Централниот одбор ги дефинираше и следните чекори во натамошното јакнење на партиската структура и политичкото дејствување.
Во наредниот период ќе се пристапи кон формирање на Клуб на млади и Клуб на жени во рамки на Движењето ЗНАМ, како организирани форми за активно вклучување на младите и жените во креирањето политики, јакнењето на кадровскиот потенцијал и модернизацијата на политичкиот пристап на партијата.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со уште појасна визија, засилен државотворен наратив и цврста решеност да биде фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика, уверено дека добиената поддршка од граѓаните претставува темел врз кој ќе се гради уште посилна позиција на следните парламентарни избори“, се додава во соопштението на ЗНАМ.

Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

