Македонија
(Видео) Јанушев: Набавка на хеликоптери не може да се врши врз основа на студија од нестручни лица
Толку е непрофесионално изработена физибилити-студијата за Системот за итна хелихоптерска медицинска помош и спасување (САР и ХЕМС), толку е без никакви детали, што најверојатно е првата причина за сите други пропусти коишто се случуваат во самата постапка, рече на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Една ваква сериозна работа каде што треба да опфати набавка на хеликоптери и давање услуги на итна медицинска помош и за потрага и спасување да биде изработена од апсолутно и тотално нестручни лица како што се машински инженери, притоа каде што не се дефинирани буквално ниту едни услови, без разлика дали е тоа за формирање на самата компанија, кој какви услуги ќе дава, кои се обврските на државата, кои се условите на приватниот партнер, како ќе оди наплатата и плаќањето, кој ќе оперира со воздухопловството и слично, е една голема небулоза и огромна непрофесионалност од страна на владата“, посочи Јанушев.
Тој нагласи дека она што владата се обидува на овој, како што кажа, криминален начин да го даде на приватна фирма, хеликоптерската единица на МВР веќе го прави бесплатно за сите граѓани.
„Дали во целата оваа постапка при изработка на оваа студија и при водење на самата постапка се вклучени Министерството за внатрешни работи, односно хеликоптерската единица во МВР, бидејќи во моментот согласно Законот за внатрешни работи тие се надлежни и тие имаат единствено ингеренции да постапуваат во вакви случаи“, праша генералниот секретар на опозициската партија.
Јанушев го наметна и прашањето дали другите релевантни институции дале свое мислење во однос на постапката.
„Дали останатите релевантни институции од коишто имаме сериозни индиции и сознанија дека е планирано да се врши наплаќање, тоа се М-НАВ, агенцијата за цивилно воздухопловство, агенцијата за државни патишта, но и приватниот концесионер на аеродромите ТАВ, дали се воопшто прашани и дали дале свое мислење во однос на целата оваа постапка, зошто од целото она што можевме да го разбереме е дека дел од наплатата ќе бил од патарините, а дури имаше шпекулација дека за таа цел ќе има зголемување за износот за патарини“, додаде тој.
Запраша и дали агенцијата за цивилно воздухопловство е консултирана за сето она што се случува во М-НАВ, бидејќи, како што рече, еден дел од надоместокот е планиран да биде од патничката карта на аеродромите.
Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, ова е уште еден класичен начин на владата во заминување да проба да испумпа пари од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

