Македонија
(Видео) Јанчева: Градоначалничката Арсовска не побарала дозвола за продолжување на реконструкцијата на Универзална сала
Кога градоначалничката Данела Арсовска излегува на прес-конференции во најголем број случаи кажува половични информации, истакна од говорницата на Советот на Град Скопје, советничката на СДСМ Љубица Јанчева во врска со реконструкцијата на Универзална сала.
„Во интерес на вистината треба да се каже кога и зошто проектот Универзална сала е стопиран, а не да се замајува јавноста и да се споменуваат имиња и топла вода, кога претходното раководство тоа го констатирало и тоа не е ништо ново и ништо невообичаено кога се во прашање ваков тип на реконструкции“, нагласи Јанчева, додавајќи дека самиот инвеститор го увидел проблемот, го констатирал и сето тоа е записнички евидентирано уште летото 2021 година.
Таа нагласи дека тоа се тие фамозни записници, кои градоначалничката ги споменува, а во кои тогашното раководство, во соработка со инвеститорот го стопирало проектот.
„Заради тоа што ситуацијата е таква, каква што е, се поминува на она што треба да се отстрани за проектот да биде безбеден и во следната фаза, како промена на проект треба да се побара дозвола од општина Центар, а до овој момент после 4 месеци градоначалничката го нема тоа направено“, рече Јанчева.
Додаде дека за проектот за реконструкција на Универзална сала, кој е стопиран, досега се реализирани околу една третина од средствата обезбедени од Владата, односно 40 милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

