Македонија
(Видео) Јанчева: Загаден воздух во Скопје, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите
Загадувањето на воздухот во Скопје останува горчлива и алармантна тема, која директно го засега најскапото нешто – здравјето на скопјани. Додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %, истакна на денешната прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.
Според неа, во 2022 година во буџетот беа предвидени 88 милиони денари, а за оваа година сумата е речиси преполовена, на само 49 милиони денари.
„Таков е буџетот на Град Скопје, кој со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата и во кој парите за заштита на животната средина се намалени 44 %. Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите кои се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот. Измина цела година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција заедно со Левицата и нивната градоначалничка Арсовска. Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо. За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за тоа неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцира Јанчева.
За време на изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, како што рече Јанчева, ветуваа низа мерки, Мицкоски ветуваше 100 електрични автобуси и од тоа не само што нема ништо туку состојбата е драматично влошена.
Според неа, проблемот, односно хаосот со јавниот превоз, создаде дополнителен притисок, кој директно влијае врз зголемувањето на загадувањето во градот.
„ЈСП е нефункционално, приватните превозници не возат, нема инвестиција во еколошки мерки за транспортот, дури нема ниту привремени мерки за бесплатен јавен превоз. Сето тоа предизвика да се зголеми користењето на возилата во Скопје, а со тоа да порасне и загаденоста на воздухот. Нема ништо од најавуваните 100 електрични автобуси лично од страна на Христијан Мицкоски. Блокирањето на проектот за современ еколошки јавен транспорт во Скопје, познат како БРТ, се покажува како исклучително штетна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска“, дополни таа.
Оценува дека ВМРО-ДПМНЕ трипати ги намали средствата за заштита на животната средина во буџетот на Град Скопје, а реализацијата на програмата за животна средина беше едвај 4 % до третиот квартал на 2022 година.
За жал, како што вели, скопјани и оваа година може да очекуваат од лошо полошо со неодговорната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

