Македонија
(Видео) Јаулески: Заев вети подобри услови за студирање и можности по завршување на студиите, но излажа
Претседателот на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, порача дека младите не му веруваат на Зоран Заев, кој имал пари за реновирање на своето партиско седиште, но немал за младите.
„Младите беа манипулирани од Заев за време на претходните парламентарни избори. Заев вети подобри услови за студирање и можности за младите по завршување на образованието. Заев излажа. СДСМ во предизборната програма, во делот мерки и проекти што треба да почнат со реализација во првите 6 месеци од мандатот, вети дека ќе изгради 2 студентски града, со спортски терени, базени, читалници и други содржини на просторот кај студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“. Три години по ветувањето, немаат ставено ниту темел.
Зоран Заев не само што не го реализира проектот за студентски град, туку и 3 години го влече реновирањето на двата блока од студентскиот дом „Гоце Делчев“, кои одамна требаше да бидат спремни за вселување.
Младите му го видoа вистинското лице на Зоран Заев. Оваа година со денови доцнеа списоците за вселување, а студентите немаa кај да престојуваат среде испитна сесија. Зарем ова е животот, господине Заев, кој, викајќи на цел глас, го ветувавте? Или тоа беше само пред избори?
Младите никогаш повеќе нема да наседнат на лагите на Заев. Младите во големо мнозинство се за ВМРО-ДПМНЕ и против деструктивните политики на СДСМ.
Време е за соочување со младите, господине Заев. Нема бегање од казната што младите ви ја спремаат на избори, казна за сите ваши лаги од пред три години до сега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

