Македонија
(Видео) Aрсовски: Поранешниот прилепски градоначалник, кршејќи закон, дал амин за градење објект кој е нелегален
Криминалот на градоначалниците на СДСМ е очигледен. Секојдневно гледаме и слушаме како направиле низа неправилности, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, нагласувајќи дека меѓу нив е и Илија Јовановски, поранешен градоначалник на општина Прилеп.
„Јасно беше дека му е прв и последен мандат како градоначалник, па направил сериозни кривични дела додека бил на функцијата.
Извесна парцела, каде што имало одобрение за градба од 2005 година, некаде на средина на мандатот на Јовановски, се менува на чуден начин инвеститор и се почнува со градба на објект. Инаку, првото одобрение за градба е на одредена фирма „АГД Градба“, која за 6 месеци по давањето во 2005 година одобрение за градба, не почнале со изградба на објектот што го планирале. Менувањето настанува токму баш за тоа и нејасно е дали и како, односно спротивно на законот, Илија Јовановски го дава одобрението за градба за истава оваа парцела каде што не бил почнат да се гради објектот на друга фирма, одредена „ДПТУ Дино 99“.
Е, сега, оттука, откога почнува да се гради, новата фирма, која на чуден начин го стекнува одобрението на градба, односно Илија Јовановски го менува инвеститорот за оваа парцела. Градежни инспектори од Општина Прилеп излегуваат на терен и констатираат неправилности, нелегалности и крајно ја стопираат градбата. Ја стопираат затоа што на страна од законот, односно од проектот што го поднеле, има направено плус одредени други простории што не биле влезени во проектот. И со тоа се покажува дека го прекршиле законот.
Кога инспекторите ги констатирале сите неправилности, законот наложува одобрението за градба градоначалникот да го стави како ништовно, односно целата постапка треба практично да почне одново или тој објект да биде срушен. Но, наместо да се поништи актуелното одобрение, инвеститорите поднесуваат барање за измена на основниот проект во градба, практично да ги легализираат нелегалностите што ги направиле.
И оттука, наместо да има правна разрешница, како што вели законот за овој објект, инвеститорите си продолжуваат и го градат целиот објект, а градоначалникот не презема никакви активности. Напротив, на секој можен начин им дава легитимитет на овие неправилности што биле направени“, посочи партискиот портпарол додавјќи дека на членовите на СДСМ помили им се провизиите и наградите отколку почитувањето на законите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

