Македонија
(Видео) Jанушев: По 15 јули ќе го донесеме законот за проверка на имот на политичарите
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 3, Игор Јанушев, ја посети општина Кочани каде што оствари средби со бизнис-заедницата од општина Кочани.
„Веќе остваривме неколку средби со бизнис-заедницата на општина Кочани, направивме една интересна средба со младите во општина Кочани. Пораката е иста од секаде, преку глава му е на народот, без разлика дал е обичниот народ, дали е земјоделецот, дали е стопанственикот, дали се младите во прашање. Преку глава има е од СДСМ, од лагите ,од манипулациите, од криминалот, преку глава им е од Зоран Заев и Љупчо Николовски, кои немаат што да понудат освен криминали, рекети, куферчиња полни со милионски суми, наместени тендери, збогатување преку ноќ“, нагласи Јанушев.
Јанушев додаде дека на сето тоа му доаѓа крајот по 15 јули.
„И на тоа му доаѓа крајот, на 15 јули победува обновата, на 15 јули конечно формираме влада. ВМРО -ДПМНЕ ќе биде предводник на таа влада, ќе го донесеме законот за проверка на имот на политичарите, а кога ќе го донесеме тој закон ќе видиме дали и кој ќе остане на политичката сцена во република Македониј“, додаде Јанушев.
Според него, сето она што се случувало во изминатите три години ќе го остават во минатото бидејќи следува обнова на Македонија.
„Сè ова што имавме можност да го видиме изминатите три години ќе го ставиме во историјата, а дефинитивно сите тие што се огрешија што ги правеа криминалите ќе завршат онаму каде што им е местото“, истакна Јанушев.
Тој порача дека насекаде во Македонија на младите им е потребна надеж и просперитет и дека сето тоа доаѓа по 15 јули со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што денеска младите го порачаа во Кочани е дека им треба надеж за подобра иднина, им треба обнова на Македонија. На целиот македонски народ му треба да се врати достоинството, треба ние, Македонците, да се чувствуваме како граѓани од прв ред, да бидеме горди што сме Македонци. Тоа е една од целите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.