Контакт

Македонија

Викендашите се враќаат, гужви има на два гранични премини

Објавено пред

Гужви на граничните премини „Табановце“ со Србија и „Богородица“ со Грција има од попладнево. Според АМСМ на двата премини се чека по половина час. За разлика од овие две граници, на останатите премини нема подолги задржувања. Продолжениот викенд го наполни јужниот сосед со туристи. Најбројни на граничните премини се автомобили македонски и српски регистрации.

dobivaj vesti na viber

Викендаши кои решија порано да се вратат, за да избегнат гужви велат дека не чекале. Некои од нив, низ двата пункта на границата со Грција, поминале за 10 минути.

Гужви на граница, но и кавги, имаше и минатиот викенд.

Македонија

Утре наутро со магла по котлините, преку денот сончево, со температури до 23 степени

Објавено пред

Времето утре, претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела времето ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини. Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на конференцијата по повод 25-годишнината од донесувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ООН ,,Жени, мир и безбедност”.

dobivaj vesti na viber

Воден од разумот и дијалогот, наспроти силата и војната, според Сиљановска – Давкова, Советот за безбедност со Резолуцијата втемели нова перцепција за жените: од неми сведоци и жртви на насилството, тие станаа активни миротворки

Според претседателката, проблемот не се реши ниту до оваа, ниту со десетината други резолуции зашто жените и девојчињата сè уште се најчестите и најголемите жртви на војните.

,,Војната ги лишува женските суштества од човечкиот субјективитет, ги дехуманизира и инструментализира за воени цели”, истакна таа.

Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога.

Таа предупреди на неодржливоста на реалноста во којашто машката половина од човештвото поседува апсолутна моќ на одлучување за мирот и војната, а женската – никаква.

Сиљановска-Давкова смета дека е крајно време да сфатиме дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија и женски егоцентризам, туку хуманистички императив, бидејќи насилството и безбедноста не се женски, туку клучни општествени прашања.

Покрај претседателката, на настанот се обратија: Владо Мисајловски, министер за одбрана; Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women.

Издавањето поштенска марка во чест на 25-годишнината од Резолуцијата 1325 на ООН ,,Жени, мир и безбедност” манифестира висока демократска свест за важноста на активната улога на жените во мирот и безбедноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: Страшна злоупотреба и кривично дело е обелоденувањето на мојот матичен број

Објавено пред

Од

Во овие избори се случи, мислам дека, преседан кој никогаш не се случил досега. Во моментот кога јавноста сосема ги имаше вперено своите очи во два кандидати, да бидеме реални, цела Македонија гледаше кон трката за Скопје – кога бевме јас и Орце Ѓорѓиевски најрелевантни во јавниот дискурс, мене ми беше обелоденет ЕМБГ, што е длабоко класифициран податок за нашите граѓани и тоа е нешто што не се случило досега. Тоа е страшна злоупотреба и е кривично дело. И тоа не само што е кривично дело, туку е во отежнети околности, одговори на новинарско прашање кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција.

dobivaj vesti na viber

На новинарско прашање дали Мециновиќ смета дека институции работеле во корист на неговиот противкандидат, тој даде дополнително образложение:

,,Која институција се обиде да превенира таква ситуација? Која институција изреагира откако се случи таква ситуација? Ова е прашање на човекови права. Ова е прашање на правата кои ги имаме ние пред државата. Ова е прашање на тоа дека имаме неморална, неетичка, социопатска политика која живееме триесет години. Ние живееме во социопатска политичка култура, која се наметнува. И го нагласувам за сите нас, а не за мене индивидуално. Освен инцидентот со ЕМБГ, имаме уште низа измислици, шпекулации, напади по интегритет, напади по семејство, по луѓе кои не беа инволвирани во оваа кампања. Сето тоа ќе биде пропратено со тужби и со кривични пријави, така што тоа е нешто што ќе го правиме од понеделник. Сега засега е нешто што го искомунициравме и со ОПСЕ и со меѓународни инстанции, така што тоа се случи, но е само наш дополнителен поттик”.

Мециновиќ го спомена и стравот од табу, поради кој, обично, се игнорирани овие работи.

,,Во моментот кога ќе се освестиме дека за оние кои нè владеат, дека не постои табу, дека не постои морална граница, тогаш и ние ќе се ослободиме. И допрва ако го направиме тоа, ние можеме да очекуваме демократизација на атмосферата и на процесите. Никогаш веќе да не ни се повторуваат избори и процеси на одлучување кои ќе бидат длабоко, под влијание на оние кои имаат моќта. Моќта е во институциите и сите институции беа впрегнати во победа на Орце Георгиевски”, додаде Амар Мециновиќ.

Тој дообразложи и на каков начин смета дека институциите работеа во интерес на неговиот противкандидат.

,,Орце Георгиевски ги имаше сите пари на негова страна, сите привилегии за рекламирање. На крај, нè уценуваа како граѓани, ако не победи Орце, па ќе живеете во смет. Сè доби човеков. Неговиот тим вади лични документи. Тоа е нивната политика на служби, на бизниси, на репресија. Нашата политика е политика на комуникација со јавноста. Ние знаете како функционираме. Ние функционираме вака, во разговори со вас и на социјалните медиуми. Тоа е нашата комуникација. Нивната комуникација е структурирано насилство. Ова што се случи овие избори е структурно насилство, преку институциите и преку, механизмите за владеење”, рече Мециновиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија4 часа

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија4 часа

Филипче го повика членството да гласа по сопствено убедување во општините во кои СДСМ нема кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат...

Македонија6 часа

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија6 часа

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија7 часа

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ8 часа

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија8 часа

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија8 часа

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет9 часа

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет10 часа

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската – една земја, два система – и мора да ги задржи својата слобода и демократијата...

Свет10 часа

(Видео) Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а...

Европа10 часа

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија20 часа

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија20 часа

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија23 часа

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија1 ден

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...

Свет1 ден

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, лансирани дронови и ракети: оштетени станбени згради

Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и...