Македонија
Викендов топло со температури до 34 степени

Сончево со мала облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер, особено изразен по должина на Повардарието. Минимална температура од 12 до 20, а максималната од 28 до 34 степени. УВ=9
Во Скопје претежно сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Температура од 18 / 32 степена.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно стабилно и топло време. За време на викендот ќе дува умерен, по должина на Повардарито повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во вторник и в среда ќе има делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Герасимовски пред преполните контејнери: Четири години нашите хигиеничари им ја вршат работата на Комунална хигиена

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски во обиколка на улиците, заедно со хигиеничарите на Центар, затекна контејнери опкружени со купишта ѓубре, известуваат од Општината. Од терен тој упати апел до Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ редовно да го собира отпадот и да ја преземе својата законска обврска.
„Вака Комунална хигиена си ја завршува својата работа. Како изминативе години, така и денеска, и ова понеделничко утро, центарци се будат во ѓубре. Целата општина е полна со смет, нашите хигиеничари се постојано на терен, го сработуваат сето она што Комунална хигиена не го сработува изминативе години. И после овој мој апел, повторно ќе слушнеме демант на Јавното претпријатие дека навремено си ги завршуваат своите обврски, го собираат сметот од улиците, рече градоначалникот на Центар.
Во утринската акција, хигиеничарите на ПОЦ го расчистија просторот околу контејнерите. Герасимовски порача дека општина Центар ќе продолжи да работи во интерес на своите жители и кога тоа е надвор од ингеренциите. Најави нова опрема која ќе се набави во наредниот период, се наведува во соопштението.
„Нашите 120 хигиеничари цело време се на терен и ја завршуваат работата која е обврска на Јавното комунално претпријатие и за која граѓаните на Општина Центар ги плаќаат. Продолжуваме да си го чистиме Центар и да ја завршуваме работата на Јавното комунално претпријатие, продолжуваме и со она што го ветивме пред граѓаните – да купуваме дополнителна опрема. Во наредниот период се купуваат нови две цистерни за да се мијат улиците, но и нови метларки и камион кој ќе ни треба, бидејќи очигледно Комунална хигиена не си ја врши работата. Верувам дека после толку апели ќе се свестат и овој смет нема повеќе да го има на улиците на Центар“, рече градоначалникот Герасимовски.
Македонија
ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола се четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни, четири се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општина Гевгелија: Кожуф планина, кај село Петрово (букова шума) и во општина Македонски Брод: Планина Добра вода (ниска вегетација).
Како што информира ЦУК под конртола се четири пожари: Општина Гази Баба 1: с. Трубарево (електричен отпад); Општина Гази Баба 2: с. Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума); Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и мешана шума); Општина Кочани: с. Бали (депонија).
Изгаснати се 28 пожари.
Македонија
Левица се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Левица на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска која самата изнесе информација дека била сметководител на Левица, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, требало да знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски.
„Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено:
– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“
– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“
– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“
Законот е јасен Јована Мојсоска како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, Мојсоска сериозно го прекршила Законот.
Левица бегајќи од вистината се заплетка во сопствените шеми за извлекување на партиски средства за лични потреби на раководството“.
Вистината, според ВМРО-ДПМНЕ, излезе на виделина.
„Левица под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост испумпува пари на личните трансакциски сметки.
Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се испумпуваат пари.
Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа“.