Македонија
Виси дозволата за емитување на „Телеканал А1“ – Агенцијата за медиуми бара да се отвори постапка
Агенцијата за медиуми предлага да биде биде отворена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на регионалната телевизија „Телеканал А1“ од Струмица. Според образлоежнието, телевизијата неколкпати го прекршила правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. Како што пишува во писмениот извештај, анонимно лице до Агенцијата за медиуми пријавило дека телевизијата не ги исполнува минималните кадровски услови за да ја задржи дозволата за работа. Агенцијата двапати барала од радиодифузерот да достави писмена документација, но оттаму не било одговорено поради што ААВМУ предлага да биде отворена постапка за да ѝ биде одземена дозволата за емитување. „Телеканал А1“ се емитува на фреквенцијата на поранешната валандовска телевизија ВТВ откако во мај 2013 година поранешниот сопственик Димче Балески ја продаде на фирмата „Емперијан визион“ ДООЕЛ од Скопје.

Според податоците на платформата „Медиа педиа“, сопственик на „Телеканал А1“ е Емил Парнаџиски, вработен во компјутерскиот оддел на МЕПСО, државната компанија за пренос на електрична енергија. Тој го поседува и „ТВ-канал три“ од Дебар. Според податоците на платформата, Парнаџиски двете тогашни локални телевизии ги купил за сума од 35.000 евра. „Медиа педиа“ објави дека само во еден ден тројца скопски бизнисмени, меѓу кои и Парнаџиски, купиле шест регионални телевизии, меѓу кои и „Телеканал А1“, во кои нагло почнаа да се појавуваат владини реклами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејствија, поднесено обвинение
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Македонија
Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата. Единствен приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев. Филипче делува по насока на Заев, потврда за тоа е изборот на лојални кадри блиски до Заев и поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата“. велат од партијата.
И додека Филипче ја турка СДС во лидерска криза, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДС токму поради недовербата во неговото лидерство.
„Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата. Единствен чекор со кој може да ја спаси партијата од дополнително раслојување е оставка и целосна внатрешна реформа низ транспарентен и демократски процес. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата
„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер“, велат од Владата.
„Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ќе добијат по 15.300 за набавка на електронски помага, во зависност од тоа што им е потребно.
850 милиони денари од буџетот се издвојуваат за студентите.
Со оваа мерка директно помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање.
Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, додека пак подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година. Условите за аплицирањето се објавени на веб сајтот на Влада.
Линкот е јавно достапен и можат да аплицираат сите студенти: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi
Ги повикуваме студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено.
Владата продолжува посветено да реализира мерки за студентите.
Студентите се иднината на Македонија и наша обврска како Влада е да им обезбедиме пристојни услови за студирање преку низа на мерки кои значат квалитетно образование“, се наведува во соопштението на Владата.

