Македонија
Вицепремиерката задолжена за борба со корупцијата: Дека ќе ја сведеме на нула, тоа никогаш нема да биде можно
Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, задолжена за борба против корупцијата, посочи дека корупцијата никогаш нема да ја снема. Според неа, Владата се бори за да им покаже и на младите, а со тоа да ги одврати од иселување, дека корупцијата се искоренува чекор по чекор.
„Никој нема илузија дека тие работи може преку ноќ ќе се сменат. За жал, тоа се работи што не може да се изменат преку ноќ. Сите активности што ги правиме, станува збор за прогрес чекор по чекор. Тоа не треба да нè обесхрабрува, туку да ги интензивираме чекорите и да бидат позабрзани. Тоа не е прашање на еден кабинет, една Влада. Тоа е поединечна обврска. Не треба да нè обесхрабруваат обидите бидејќи корупција има, а предизвикот е да ја сведеме на минимум можно ниво оти имаме обврска да изградиме здраво општество. Дека ќе ја сведеме на нула, тоа никогаш нема да биде можно ниту, пак, во која било држава тоа е возможно“.
Таа посочи дека активности има и во координација со другите институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

