Македонија
Вишото јавно обвинителство побара да се одбијат како неосновани жалбите на обвинетите во „Транспортер“
Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски, и другите осудени во предметот „Транспортер“ во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на речиси 360.000 евра.
Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба, десет обвинети со него се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, а другите десет добија по две години условна казна затвор, која ќе се активира доколку некој од нив стори кривично дело во рок од пет години.
„По донесување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот во јавноста познат како ‘Транспортер’, поднесени се жалби од обвинетите и нивните бранители по сите жалбени основи. Тие бараат првостепената пресуда да се укине и предметот да се врати на повторно разгледување и одлучување. Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, по извршениот увид во списите на предметот и сеопфатна анализа на доказите, до Апелациониот суд Скопје достави предлог во однос на поднесените жалби.
Имено, Вишото јавно обвинителство Скопје смета дека при донесување на пресудата Основниот кривичен суд Скопје правилно ги утврдил околностите во однос на времето, местото и начинот на извршувањето на кривичните дела, меѓусебната комуникација на обвинетите, нивните врски, како и начинот на преземање на инкриминираните дејства. Оттука, Вишото јавно обвинителство Скопје цени дека судот правилно им ги одмерил досудените казни ефективен затвор на обвинетите лица.
Истовремено, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе жалба на донесената пресуда за обвинетите барајќи од надлежниот суд на лицата на кои им е изречена ефективна казна затвор да им изрече повисоки казни, а на оние обвинети на кои со пресудата им се изречени алтернативни мерки, односно условни осуди, надлежниот суд да им изрече соодветни затворски казни. Воедно, обвинителството со жалбата му предлага на судот, немасто конфискувана имотна корист во износ од 695.611,00 денари од едно од правните лица, да се конфискува имотна корист во износ од 857.637,00 денари.
Вишото јавно обвинителство Скопје, по целосно разгледување на предметот, делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Повисокото обвинителство ја прифати жалбата во делот на обвинети што се осудени како соизвршители, со оглед на тоа што без нивните дејства не би можело да се исполнат обележјата на кривичното дело што им се става на товар на обвинетите ниту, пак, превозниците би прибавиле противправна имотна корист. Жалбата е прифатена и во делот изречената казна под законскиот минимум за дел од превозниците. Исто така, Вишото јавно обвинителство Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во делот на конфискуваната имотна корист сметајќи дека во пресудата износот на конфискуваната имотна корист треба да биде 857.637,00 денари.
Вишото јавно обвинителство Скопје не ги прифати поднесените жалбени наводи на Основното јавно обвинителство за гонење органзииран криминал и корупција, кои се однесуваа на барање за зголемување на висината на изречените казни ефективен затвор на другите обвинети“, се наведува во соопштението од Вишото обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“
Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.
Според нив, Ккќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.
„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.
Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.
Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.

