Македонија
Вкупно девет починати и 457 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 246, Велес – 25, Битола – 24, Прилеп – 22, Тетово, Кавадарци и Ресен по 17, Куманово – 15, Гостивар и Гевгелија по 10, Штип – 7, Охрид и Свети Николе по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка по 5, Кочани – 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по 2 и по еден заразен од Дебар, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран.
Од вкупниот број на позитивни (457), регистрирани се 74 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се 6 смртни случаи: 2 починати лица од Скопје (76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64), Радовиш (82), Прилеп (75) и Тетово (68). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица: две од Скопје и едно од Велес, на возраст од 71 до 86 години. Лицата за починати се пријавени во периодот од 22. до 25. февруари. Од пријавените лица едно е починато во домашни, а две се починати во болнички услови.
Kај сите 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последините 24 часа ргистрирани сe 447 оздравени пациенти од: Скопје – 267, Велес – 34, Куманово – 24, Кавадарци – 18, Битола – 15, Прилеп – 14, Дебар – 13, Тетово – 11, Кичево – 10, Струмица – 6, Гевгелија, Штип и Неготино по 5, Гостивар – 4, Ресен, Кочани и Берово по 3, Крива Паланка и Радовиш по 2 и по еден оздреавен од Свети Николе, Пехчево и Пробиштип.
Направените 2.730 тестови се преку: ИЈЗ-359, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-86, УК Пулмологија со алергологија –1, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-69, Биотек-85, Систина-56, лабораторија Лаор-104, Синлаб-15, Ремедика-19, Плодност-22, Генеа-7, Никоб Лаб-189, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-21, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.194.
Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036, а бројот на активни случаи изнесува 3.252.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 139237, Активни 1773
Куманово 16176, Активни 143
Битола 14264, Активни 177
Прилеп 13576, Активни 153
Тетово 13308, Активни 88
Кавадарци 10138, Активни 128
Велес 9455, Активни 136
Гостивар 9375, Активни 53
Охрид 8529, Активни 70
Струмица 7911, Активни 46
Штип 7894, Активни 45
Кичево 5401, Активни 72
Кочани 4954, Активни 23
Струга 4628, Активни 41
Гевгелија 4260, Активни 66
Неготино 3606, Активни 38
Свети Николе 2603, Активни 17
Ресен 2575, Активни 40
Радовиш 2469, Активни 15
Крива Паланка 2370, Активни 30
Делчево 1895, Активни 12
Берово 1624, Активни 3
Дебар 1631, Активни 8
Валандово 1455, Активни 4
Виница 1338, Активни 0
Пробиштип 1254, Активни 5
Богданци 1002, Активни 16
Кратово 931, Активни 10
Крушево 902, Активни 8
Демир Хисар 804, Активни 10
Македонски Брод 723, Активни 7
Демир Капија 576, Активни 11
Македонска Каменица 518, Активни 3
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 331, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

