Македонија
Вкупно 13 починати и 517 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 261, Битола – 31, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 22, Куманово – 18, Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11, Струмица – 10, Струга и Неготино – по 8, Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5, Дебар и Демир Хисар – по 4, Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се 9 смртни случаи: 4 починати лица од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје, Струмица, Крушево и Кочани, на возраст од 72 до 79 години. Пријавени биле за починати во периодот од 18. до 21. февруари. Од нив, двајца се починати во домашни и двајца во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа регистрирани сe 1.022 оздравени пациенти од: Скопје – 557, Тетово – 51, Велес и Куманово – по 45, Струмица – 32, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Охрид – 26, Гостивар – 25, Неготино – 21, Битола – 20, Кичево – 19, Дебар – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Штип – 13, Кочани – 11, Струга – 10, Радовиш – 8, Крушево – 5, Демир Хисар, Делчево, Богданци и Кратово – по 4, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово, Демир Капија и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.
Направените 2.669 тестови се преку: ИЈЗ-328, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-75, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-20, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-81, Биотек-109, Систина-67, лабораторија Лаор-58, Синлаб-15, Ремедика-10, Плодност-29, Генеа-9, Никоб Лаб-204, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-20, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–16, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.177.
Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 137382, Активни 2507
Куманово 16126, Активни 190
Битола 14207, Активни 296
Прилеп 13542, Активни 186
Тетово 13363, Активни 126
Кавадарци 10126, Активни 187
Велес 9424, Активни 206
Гостивар 9371, Активни 63
Охрид 8497, Активни 114
Струмица 7917, Активни 99
Штип 7896, Активни 46
Кичево 5396, Активни 95
Кочани 4934, Активни 43
Струга 4646, Активни 49
Гевгелија 4208, Активни 70
Неготино 3620, Активни 64
Свети Николе 2624, Активни 19
Ресен 2583, Активни 49
Радовиш 2503, Активни 43
Крива Паланка 2373, Активни 37
Делчево 1889, Активни 15
Берово 1709, Активни 8
Дебар 1624, Активни 27
Валандово 1524, Активни 15
Виница 1362, Активни 4
Пробиштип 1284, Активни 4
Богданци 994, Активни 21
Кратово 929, Активни 11
Крушево 881, Активни 11
Демир Хисар 818, Активни 11
Македонски Брод 690, Активни 12
Демир Капија 551, Активни 10
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 458, Активни 4
Дојран 257, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка
Реконструираната обиколница во Крива Паланка е пуштена во употреба.
На настанот присуствуваше премиерот, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции.

Тој посочи дека ваквите проекти претставуваат додадена вредност за граѓаните и за економијата и најави дека во наредниот период во Крива Паланка и во регионот ќе се реализираат инвестиции во вредност од неколку стотици милиони евра.
„Крива Паланка е влезна точка на делот од Коридорот 8 во Македонија“, рече Мицкоски, додавајќи дека меѓу приоритетите се третата фаза од железничката пруга, забрзување на втората фаза, како и нови патни делници кои ќе го заобиколат влезот во Куманово за сообраќајот кон исток.

Премиерот истакна дека Владата останува фокусирана на капитални инвестиции, при што како клучни ги наведе Коридорите 8 и 10, со приоритет на патничко, железничко и енергетско поврзување.
Мицкоски оцени дека инвестициите ќе придонесат за економски раст и ќе создадат услови за развој на локалните заедници, изразувајќи очекување дека дел од иселените граѓани ќе се вратат и ќе продолжат да живеат и работат во земјата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој се обрати од настанот, рече дека со изградбата на експресниот пат Страцин–Крива Паланка, реконструкцијата на обиколницата и модернизацијата на граничниот премин Деве Баир целосно се развива источното крило на Коридор 8.
Тој посочи дека реконструкцијата на обиколницата, во должина од 4,5 километри, е инвестиција од 1,2 милиони евра и претставува значајно поврзување со Бугарија како витален дел од Коридор 8. Додаде дека во тек е модернизација и проширување на граничниот премин Деве Баир, при што првата фаза се очекува да заврши до јуни, а потоа ќе следи проширување на капацитетите.

Николоски нагласи дека во соработка со ЕУ се бара решение и за модернизација на делницата Страцин–Романовце, како и дека интензивно се работи на железничкото поврзување кон Исток. Потпишан е договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а се очекува Крива Паланка да биде поврзана со Скопје со дневна железничка линија.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“
На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со посебен придонес и значење.
Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Лимани ја оцени посетата како момент со посебна политичка и емоционална тежина за градот, истакнувајќи ја симболиката што ја носи присуството на Претседателот на Албанија во град претежно населен со Албанци.
„Посебна чест е што на почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Гостивар, да му кажам во ваше и во мое лично име: Добредојдовте во Гостивар, Претседателе на Република Албанија. Вашето доаѓање има посебна симболика за нас“, изјави Лимани.
Тој ја оцени улогата на претседателот Бегај во достоинственото претставување на Албанија и на Албанците ширум светот, особено во време на предизвици и значајни геополитички случувања, нагласувајќи дека неговото лидерство внесува смиреност, сигурност и национална гордост.
Во образложението за доделувањето на признанието се наведува: „На Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, за достоинственото и мудро застапување на сите Албанци и пошироко, низ целиот свет.“
Врачувајќи го симболичниот клуч на градот, градоначалникот Лимани истакна дека со овој чин за претседателот Бегај отворени се сите врати во Гостивар, оценувајќи го овој момент како еден од најзначајните настани во неговиот мандат.
Посетата на претседателот Бегај во Гостивар беше оценета како потврда за силните врски меѓу Албанците и важен чекор кон продлабочување на соработката и националното единство.

