Македонија
Вкупно 2060 граѓани од дијаспората се пријавиле досега за гласање на референдумот

Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 2060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство.
Од нив, 2019 пријави се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка, соопшти ДИК.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.
Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.
Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, во Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.
Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За влез на Табановце се чека до половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Муцунски ја пречека Кос: Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата

Срдечно добредојде за еврокомесарката Марта Кос во Скопје, напиша на социјалните мрежи шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски по средбата на скопскиот аеродром.
„Попладнево, во пресрет на утрешниот Самит на лидерите од Западен Балкан, имав чест да ја пречекам на скопскиот аеродром еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.
Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата. Пред нас е исполнета агенда – денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствариме средба со еврокомесарката.
Утре, на состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во Европската унија“, појасни Муцунски.
Македонија
Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља.
Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда.
Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици коишто ги поткопуваат досегашните достигнувања, изрaзувајќи верба во можноста од подобар и поодржлив свет.
Според неа, пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства. Во новиот Пакт за иднината, претседателката препознава обновен глобален општествен договор. Таа укажа на потребата од споделена одговорност на сите засегнати страни.
Потенцирајќи дека речиси две третини од Целите за одржлив развој се поврзани со реформите на Европската Унија, претседателката информираше дека нашата Национална стратегија за развој 2024-2044 е усогласена со најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ООН.
Сиљановска-Давкова им се заблагодари на ОН, ЕУ и развојните агенции од повеќе земји, како и на меѓународните финансиски институции – ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за суштинската поддршка преку проектите во областите на зелената транзиција, здравството, образованието и инфраструктурата.