Македонија
Вкупно 21 починат и 674 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.156 теста, а регистрирани се 674 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово, Дебар и Богданци – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 од Скопје (55, 66, 74, 74 и 78), 2 од Тетово (69 и 78) и по едно од Прилеп (88), Охрид (88), Струга (75), Битола (85) и од Кочани (74). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1) и Пробиштип (1) на возраст од 48 до 92 години. Овие смртни случаи се регистрирани во периодот од 31 јануари до 20 февруари. Од нив, 5 лица се починати во домашни, а 4 во болнички услови.
Од вкупниот број починати, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 978 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 569, Велес – 53, Куманово – 49, Битола – 47, Кавадарци – 39, Прилеп – 33, Тетово – 26, Гостивар, Струмица и Гевгелија – по 19, Неготино – 18, Кичево – 17, Радовиш – 12, Дебар – 9, Кочани и Ресен – по 8, Штип – 7, Охрид – 5, Кратово – 4, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Демир Капија и Дојран – по 1.
Направените 3.156 теста се преку: ИЈЗ – 417, ЦЈЗ Скопје – 56, ЦЈЗ Битола – 95, ЦЈЗ Прилеп – 58, ЦЈЗ Тетово – 6, ЦЈЗ Куманово – 67, Судска медицина – 2, УК Пулмологија со алергологија – 2, Институт за микробиологија – 133, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 89, „Авицена“ – 83, „Биотек“ – 121, „Систина“ – 89, лабораторија „Лаор“ – 97, „Синлаб“ – 19, „Ремедика“ – 16, „Плодност“ – 36, „Генеа“ – 6, „Никоб лаб“ – 233, „ВФВ медикал“ – 48, „Ели медика“ – 24, „Ројал медика“ – 6, „Спектра-ММ“ – 14, „Рапид лаб“ – 14, „Жан Митрев Струмица“ – 13, „Нова лаб дијагностика“ – 12, „Рамус“ – 26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.374.
Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 136.776, Активни 2.971
Куманово 16.075, Активни 222
Битола 14.144, Активни 296
Прилеп 13.497, Активни 201
Тетово 13.327, Активни 168
Кавадарци 10.078, Активни 208
Велес 9.360, Активни 224
Гостивар 9.351, Активни 83
Охрид 8.471, Активни 133
Струмица 7.889, Активни 123
Штип 7.880, Активни 56
Кичево 5.368, Активни 102
Кочани 4.926, Активни 52
Струга 4.637, Активни 69
Гевгелија 4.196, Активни 89
Неготино 3.609, Активни 84
Свети Николе 2.618, Активни 26
Ресен 2.573, Активни 61
Радовиш 2499, Активни 60
Крива Паланка 2.355, Активни 25
Делчево 1.883, Активни 15
Берово 1.709, Активни 14
Дебар 1.612, Активни 32
Валандово 1.526, Активни 25
Виница 1.361, Активни 8
Пробиштип 1.282, Активни 4
Богданци 991, Активни 25
Кратово 927, Активни 15
Крушево 880, Активни 17
Демир Хисар 814, Активни 13
Македонски Брод 689, Активни 12
Демир Капија 547, Активни 9
Македонска Каменица 520, Активни 1
Пехчево 457, Активни 6
Дојран 255, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници: „Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита“
Оваа година, сексуалните работници здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот спроведуваат симболична онлајн кампања по повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
„Овогодинешната онлајн кампања ‘Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита’ ја посветуваме на симболот што веќе 18 години нè обединува и заштитува – црвениот чадор. Преку него ја раскажуваме нашата приказна, го покажуваме нашето присуство и ја истакнуваме нашата борба за почитување на основните човекови права.
Во фокусот на кампањата е моќно видео во кое три сексуални работнички ги споделуваат своите лични приказни, за стравовите што ги носат, за насилството со кое се соочуваат, и за потребите што ги имаат“, велат од Здружението.
„Сексуалните работници, особено жените и трансродовите лица, се мета на различни форми на родово базирано насилство во јавен, приватен простор и/или онлајн. Насилството врз нас е често неказнето, невидливо и институционално игнорирано. Присутно е од страна на клиенти, партнери, полицијата, па дури и во здравствените и социјалните служби“, се додава во соопштението.
Македонија
Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
105 години Филозофски факултет значат повеќе од еден век умствен и духовен раст, традиција, научна извонредност и општествено созревање. Тоа е наследство што мора да го чуваме и да го негуваме. Верувам дека оваа институција и понатаму ќе биде водилка на општествената и на хуманистичката мисла, бранител на критичноста и чувар на академската слобода, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на свечената академија со која високообразовната установа го одбележа големиот јубилеј.
„Факултетот не придонесува во развојот на државата само преку образованието и науката, туку и преку својата силна стратешка улога во креирањето на националните политики. Тука се раѓале концепти и научни согледувања што го обликувале образовниот систем, културните политики, социјалните институции и многу од современите професионални практики во државата. И во овој период, Филозофскиот факултет е активно вклучен во изработката на клучни национални стратегии“, рече Јаневска изразувајќи благодарност до сите поранешни и активни професори, истражувачи и вработени на факултетот за нивната посветеност, научен придонес и визија за општеството.

Министерката потенцираше дека иако по однос на неколку теми за време на нејзиниот мандат, ставовите на МОН и факултетот се разликувале, токму таквите јавни дискусии доведуваат до креирање на најдобрите решенија за обезбедување на поквалитетно национално образование. Очекува, како што рече, Филозофскиот факултет да остане меѓу најсилните партнери на државата кои отвораат пат кон нови образовни подвизи.
Јаневска изрази уверување дека буџетот за образование ќе продолжи да се зголемува, а со тоа ќе се зголемува и поддршката за развој на високото образование и науката.
„Држава која вложува во високото образование вложува во сопствената иднина – ја јакне својата конкурентност, го унапредува демократскиот капацитет и го поттикнува општествениот развој. Продолжуваме да креираме политики што обезбедуваат автономија, дигитализирани процеси, подобра научна инфраструктура и поддршка за младите истражувачи“, рече министерката.

Освен Јаневска, на свечената академија се обратија и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески кои се согласија дека академскиот простор мора да остане место каде знаењето се претвора во визија, а визијата во општествена вредност.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.

