Македонија
Вкупно 28 починати и 1.409 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.824 теста, а регистрирани се 1.409 нови случаи на Кoвид-19, и тоа во: Скопје – 783, Битола – 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар по 42, Струмица и Неготино по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија по 5, Берово и Богданци по 4, Дебар и Пробиштип по 2 и по еден заразен во Кратово, Демир Хисар, Пехчево и од Дојран.
Од вкупниот број позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 18 починати лица: 5 од Скопје (64, 69, 70, 74 и 81 година), по три од Штип (78, 86 и 90 години) и Охрид (54, 78 и 79 години), 2 од Куманово (75 и 81 година) и по едно лице од Гостивар (71), Велес (74), Делчево (80), Кочани (77) и од Неготино (81). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари. Починатите се од Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и од Берово (1) на возраст од 40 до 89 години. Од пријавените, 4 лица починале во болнички, а 6 во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица, 17 лица биле целосно вакцинирани, но кај сите лица биле регистрирани коморбидитети.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 1.455 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 298, Битола – 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево по 3, Берово и Кратово по 2 и по еден оздравен од Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица.
Направените 3.824 теста се преку: ИЈЗ – 455, ЦЈЗ Скопје – 97, ЦЈЗ Битола – 95, ЦЈЗ Прилеп – 41, ЦЈЗ Тетово – 2, ЦЈЗ Куманово – 90, Институт за микробиологија – 167, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 127, „Авицена“ – 174, „Биотек“ – 202, „Систина“ – 79, лабораторија „Лаор“ – 87, „Синлаб“ – 67, „Ремедика“ – 7, „Плодност“ – 45, „Генеа“ – 14, „Никоб лаб“ – 347, „ВФВ медикал“ – 42, „Ели медика“ – 23, „Ројал медика“ – 11, „Спектра-ММ“ – 41, „Рапид лаб“ – 6, „Жан Митрев Струмица“ – 6, „Нова лаб дијагностика“ – 2, „Рамус“ – 36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.561.
Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.
Според епидемиолошките анализи, во моменто дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 130.451, Активни 6.955
Куманово 15.552, Активни 489
Битола 13.545, Активни 528
Прилеп 13.139, Активни 307
Тетово 12.935, Активни 389
Кавадарци 9.645, Активни 440
Гостивар 9.140, Активни 251
Велес 8.902, Активни 314
Охрид 8.255, Активни 258
Штип 7.720, Активни 122
Струмица 7.594, Активни 253
Кичево 5.140, Активни 120
Кочани 4.819, Активни 140
Струга 4.520, Активни 95
Гевгелија 4.010, Активни 158
Неготино 3.424, Активни 162
Свети Николе 2.539, Активни 71
Ресен 2.479, Активни 66
Радовиш 2.394, Активни 89
Крива Паланка 2.284, Активни 47
Делчево 1.853, Активни 63
Берово 1.676, Активни 23
Дебар 1.541, Активни 23
Валандово 1.478, Активни 65
Виница 1.334, Активни 29
Пробиштип 1.270, Активни 11
Богданци 956, Активни 58
Кратово 909, Активни 29
Крушево 851, Активни 12
Демир Хисар 793, Активни 19
Македонски Брод 669, Активни 29
Демир Капија 521, Активни 18
Македонска Каменица 517, Активни 13
Пехчево 443, Активни 12
Дојран 249, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

