Контакт

Македонија

Вкупнo 28 години затвор за македонскиот државјанин и тројцата Пакистанци, кои мачеа мигранти во куќа во Кумановско

Објавено пред

По одржаната главна расправа, на која беа изведени материјални и вербални докази, во Основниот кривичен суд – Скопје е објавена пресуда, со која четири лица се огласени за виновни дека како соизвршители сториле кривично дело шверцување мигранти по мачењето мигранти во куќа во селото Ваксинце, Кумановско.

dobivaj vesti na viber

Првообвинетиот Б. А. (45), македонски државјанин, по признавање на вина на главната расправа, е огласен за виновен и судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а на тројцата државјани на Пакистан – Ш. Р. (40), М. Х.  (28) и А. Р. (23) – им се изречени затворски казни во траење по 8 години.

Постапката против обвинетите почна по добиена информација од страна на органите на Р. Србија, кои добиле пријава од пријател на две жртви. Вечерта, на 1.11.2019 година, околу 22 часот, беше спроведена полициска акција и при претрес на куќата на Б. А. беа пронајдени дванаесет мигранти, меѓу кои и две малолетни лица.

Во истражната постапка надлежниот обвинител утврди дека во периодот од средината на октомври 2019 година до 0.11.2019 година, во с. Ваксинце Кумановско-липковскиот Регион, четворицата обвинети заедно и по предходен договор прифатиле и засолниле мигранти по потекло од Индија, Авганистан, Пакистан и други земји од Азија. Со намера да стекнат материјална корист за себе и за Б. А., обвинетите Ш. Р., М. Х. и А. Р. постапувале особено понижувачки и сурово кон мигрантите, присилно држејќи ги мигрантите спротивно на нивната волја во дел од куќата сопственост на обвинетиот Б. А.. Жртвите добивале еден оброк дневно, биле физички малтретирани, а поради пластичните црни кеси залепени на прозорците, го изгубиле чувството за време и не знаеле дали е ден или ноќ. Во таква состојба на дезориентираност, чувство на глад и страв, жртвите биле тепани со црево од страна на обвинетите Ш. Р. и А. Р., кои потоа на мигрантите им ставале нож под грлото држејќи ги од зад грб и им се заканувале дека ќе ги убијат ако не платат или нема да им дозволат да продолжат по мигрантската рута. Ваквите настани обвинетиот М. Х. ги снимал со телефон, а потоа видеоклиповите ги испраќал на роднините на мигрантите укажувајќи им дека доколку не им испратат пари, нивните роднини ќе бидат убиени или нема да им дозволат да ја напуштат куќата. Роднините на мигрантите биле присилени по пат на хавала-систем да ги испратат бараните средства што мигрантите му ги давале на рака на обвинетиот М. Х. Доколку договорените износи не биле навремено испратени, обвинетите Ш. Р., М. Х.и А. Р. ги тепале мигрантите со црево, а малолетните жртви ги присилувале и да чистат.

Обвинителството во текот на расправата докажа дека на овој начин биле оштетени: мигрант од Авганистан, кој веднаш по пристигнувањето во куќата, платил 120 евра, колку што имал во моментот, а дополнително платил уште 700 евра, што му биле испратени од роднините, двајца мигранти од Индија, кои кога пристигнале во куќата, платиле 700 евра и 600 евра, а по пет дена престој, исплашените роднини ветиле дека ќе испратат уште по 1.000 евра, но парите не пристигнале до 1.11.2019 година кога обвинетите се приведени, двајца мигранти од Индија, веднаш по пристигнувањето, дале по 1.000 евра, но обвинетите им побарале да доплатат уште по 1.300 евра, на што се согласиле нивните семејства, но парите не пристигнале, мигрант од Авганистан платил 1.000 евра, што му ги испратиле роднините, мигрант од Индија платил 500 евра, а малолетен мигрант од Авганистан, и покрај тоа што на обвинетите им дал 700 евра, што ги испратил вујко му, бил задржан наредните 10 дена со цел да плати уште 500 евра, кои не пристигнале до 1.11.2019 година. ​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија12 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија12 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија14 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија15 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ15 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија15 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија17 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија17 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија18 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет19 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет19 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет19 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа19 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа20 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа20 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет20 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...