Македонија
Владата го поддржа уредувачкиот колегиум на „Телма“
„Изразуваме поддршка за уредувачкиот колегиум на телевизија ‘Телма’. Цензурата е забранета со Уставот на Република Македонија“, се наведува денеска во краткото известување од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, Роберт Поповски.
Инаку, пред неколку дена се појавија информации дека емисијата на новинарката Снежана Лупевска Созен, „Код“, што неодамна беше емитувана на телевизија „Телма“, била цензурирана. Лупевска Созен на својот фејсбук-профил објави статус во кој напиша дека се соочила со притисок кога била информирана дека новата епизода на „Код“ нема да биде објавена во целост.
Откако „Телма“ не го објави прилогот, Лупевска Созен одлучи да го објави на својот фејсбук-профил без разлика на последиците што може да ги трпи за своето работно место.
„Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред сè човечки причини решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ-страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете“, напиша Лупевска Созен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

