Македонија
Владата даде зелено светло за нов клинички центар во Ѓорче Петров
Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов универзитетски клинички центар на гринфилд-локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка.
„За потребите и реализација на новиот универзитетски клинички центар на гринфилд-локацијата во општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов универзитетски клинички центар на гринфилд локацијата“, објавија од Министерството за здравство.
Од Министерството додаваат дека изградбата на нов, современ и функционален универзитетски клинички центар во Скопје треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.
Oд Владата, по завршувањето на седницата соопштија дека се создадени првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата Клиничкиот центар. Оттука е усвоена информацијата за начинот на финансирањето на изградбата. Задолжено е Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство да отпочне преговори со конзорциумот на банки Erste group, Raifaisen bank и UniCredit за заем обезбеден со гаранција од ECA.
„На седницата е констатирано дека е завршена фазата на утврдување најповолна понуда на кредит, а тоа што станува збор за познати светски банки, само ја потврдува довербата на странските кредитори кон нашата држава. На седницата е задолжено Министерството за здравство, како договорен орган, да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба. За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички центар, Владата донесе одлука, со оглед дека во изведбата обврски имаат и други министерства и институции, да даде рок од 30 дена, во коишто тие ќе ја разгледаат можноста за придонес во реализацијата и повратно ќе ја известат Владата“, велат од владината прес-служба.
На седницата е констатирано, дека доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да биде поставен камен темелникот на новиот Универзитетски Клинички центар во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

