Македонија
Владата добила гаранции дека ставот на Закаријаш не е став на Лисабон
Владата добила уверување дека изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, дека „северномакедонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик“,не го отсликува ставот на Лисабон, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Изјавата на Закаријаш, Димитров ја оцени како „прилично несреќна“ и истакна дека тој и министерот Османи оствариле контакти со претставници на Португалија и изразиле вербален протест.
„Добивме уверување дека изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон, кој останува на линија на португалскиот предлог и беше изразено жалење. Во дипломатската комуникација важно е јасно да си го изразите ставот, да изразите негодување и протест. Сето тоа е направено неколкукратно во текот на вчерашниот ден“, рече Димитров.
Владата денеска порача до претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во С. Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања., се вели во писмената изјава на Владата.
Претходно и претседателот Стево Пендаровски остро ја коментираше изјавата.
„Од историчари кои се бават со политика се полоши само политичари кои се обидуваат да толкуваат историски епохи. Јас навистина искрено жалам за погрешната изјава на португалската министерка која во суштина ги поткопа сите напори кои нејзиниот колега од истата влада, Да Силва, ги правеше месеци наназад за на крајот на тоа шестмесечно претседателство да излезе со одличен балансиран предлог кој водеше сметка за виталните интереси и на Северна Македонија и на Бугарија“, рече Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

