Македонија
Владата дозволува граѓаните да плаќаат повисоки цени за истите производи во однос на ЕУ, велат од Левицата
Додека во Италија ист гел за туширање чини 184 денари, во Македонија истиот производ чини 399 денари. Меленото месо во Италија е 258 денари на килограм, во Македонија е 409 денари. Шери доматите се 165 денари, додека кај нас се 319 денари од килограм. Ова значи дека македонските граѓани плаќаат двојно поскапо за истиот производ, иако просечната плата е четирипати пониска од онаа во Италија, истакнуваат од Левица.
Ова, како што оценуваат, е директен резултат на неолибералните политики на Владата, која со години дозволува бесконтролен раст на цените, без да преземе никакви мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните.
„Македонија не само што има поразително ниски плати, туку и повисоки цени за основни производи во однос на ЕУ, што ги осиромашува граѓаните! Владата дозволува: Монополска доминација на увозните ланци без контрола на маржите; Неспособност или свесно избегнување на ценовна регулација; Уништување на домашното производство во корист на увозни лобисти; Додека министерот за економија и владините функционери шетаат по луксузни вечери, народот се дави во сиромаштија и ценовен грабеж“, реагираат од оваа партија.
Бараат враќање на механизмите за контролирање на маржите на основните производи; Забрана на ценовни шокови за производи од секојдневна употреба; Намалување на ДДВ за хигиенски производи.
Левица соопштуваат од таму, ќе поддржи и ќе иницира генерален бојкот на сите ланци на маркети кои спроведуваат ограбувачки цени.
„Доста беше профитерство врз грбот на народот, време е за масовен отпор против корпорациите што ја изнудуваат последната пара од џебот на работникот. Македонските граѓани заслужуваат достоинствен живот, а не да бидат колонијална работна сила за европските капиталисти“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

