Македонија
Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата
На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и одлука за утврдување на максималниот број ученици во паралелка во основните и средните училишта во услови на вонредни околности за оние училишта што добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.
Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности, како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава и другите наставно-образовни активности.
На оваа седница е усвоена и информацијата и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“ – Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“ – Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“ – Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ – Скопје и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица.
Владата ја разгледа и усвои и информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот Ковид-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија во академската 2020/2021 година.
На оваа седница Владата го усвои извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство за периодот од 18.9.2020 година до 25.9.2020 година.
Листата на дадени согласности за организирање настава со физичко присуство е поставена на веб-страницата на Владата на следниот ЛИНК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

