Македонија
Владата и верските лидери ги повикаа граѓаните масовно да се вакцинираат
Премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот – на Македонската православна ц– Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх.
Заеднички апел на Владата и МПЦ, ИВЗ и Католичката црква, до сите граѓани, е да се почитуваат мерките во борбата против коронавирусот.
„Исто така, изразена е поддршка од сите верски заедници на процесот на вакцинирање и се упатува заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето здравје и на јавното здравје. Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето“, соопштија од Владата.
На средбата било оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници Велигден и Рамазан бајрам.
„Премиерот Заев изрази благодарност до верските лидери за потребата да се застане заеднички, во справувањето со последиците од пандемијата, што е од полза на сите луѓе. Тој најави средби и со претставници на другите верски заедници во земјава“, соопштија од Владата.
На состанокот е разговарано и за прашања од областа на денационализацијата на имот и образованието и е одлучено за нив да има дополнителни контакти, со цел заокружување на решенијата во интерес и на државата и на верските заедници и граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во „Пошта“ како се пумпаат 300.000 евра годишно
Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните, изјава Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Одиме по ред. ‘Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ’ наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.
Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.
И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.
„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“.
Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно.
Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.
Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно.
Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата.
Како се прикрива ова?
Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови.
Почитувани,
Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас.
Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?
Кој ќе одговара?
АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат.
Работата не е завршена“, рече Димитријевиќ.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од ПОЦ.
Македонија
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ.
Како што претходно соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

