Македонија
Владата му додели помош од 30 милиони денари на Арачиново – Градот Скопје, Центар, Карпош и Чаир сметаат дека не се обесправени
Градоначалниците на Градот Скопје и општините Центар, Карпош, Чаир не се чувствуваат обесправено затоа што Владата ѝ додели 30 милиони денари на општината Арачиново за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради Ковид-19 кризата. Тие велат дека централната власт со скоро исти суми финансирала и нивни општински прокети.
„По целосна разработка на проектите кои што градот и општините од градот имаат доставено до Влада, со цел на централната власт да и помогне на локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти, завршени се во вкупен износ од околу 35 милиони евра за сите општини во нашата држава. Така што, нема обесправени општини во смисла дека добиваат материјална помош од централната власт а предизвикана поради скратените буџетски приливи на нашите буџети од ковид-кризата. Очекувам дека Владата ќе излезе со целовкупниот концепт многу набрзо. Не гледам дека има хендикепт во таа смисла“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, вели дека со пари од Владата во неговата општина ќе се реализираат два проекти, а сумата е колку и онаа што и е доделена на Арачиново.
„Добро би ни дошле и на нас, но не би рекол дека се чувствуваме обесправени. Ние како Општина Карпош аплициравме со проекти и горе-доле добивме исто толкава сума. Тој проект е за реконструкција за плочникот во Влае и реконструкција на улица о Долно Нерези. Не се чувствуваме обесправени, но не е лоша идејата Владата да помага на таков начин“, рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
Висар Ганиу, како градоначалник на Чаир вели дека неговата општина добила 62 милиони денари за реализација на проекти во населбата Серава и е благодарен на тоа.
„Нас ни е мило што Владата помага на Арачиново. Ние аплициравме долго време со проекти кои ни се неопходни тука, ние добивме 62 милиони, навистина сме задоволни. Во населабата Серава, летно време нема вода за пиење, а во строго градско подрачје, За таа населба ќе се користат парите“, вели градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, смета дека секоја општина има свои приоритети. Општината со која раководи имала аплицирано за инфраструктурни прокети, а Владата исплатила 800.000 евра за нивна реализација.
„Секоја општина си има одредена специфичност. Центар учествувала со проекти во Владата, а ние добивме 800.000 евра за обнова на училишта, градинки, канализација. Секоја општина со свој приоритет. Владата е тука да излезе со поддршка на одредени барања. Урбаните општини имаат подобри приходи, а секоја општина си имаат свои барања. Ние како општина имаме огромна поддршка од Владата. Во изминатите 13 години не сме добивале ни денар“, вели Саша Богдановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

